Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Реакција до Здружение на новинари на Република Македонија за повреда на приватноста на дете со објавен напис во печатен медиумВо средината на месец Фебруари 2010, во просторииите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши со молба се обрати загрижен родител. Од молбата и разговорот со родителот дознавме дека станува збор за текст објавен во дневниот весник Шпиц каде опишувајќи настан во рубриката за хроника и се опишани и изнесени и детали за неговиот малолетен син и на тој начин е нарушено неговото право на приватност. Во Молбата доставена до Првата детска амбасада во светот Меѓаши, родителот објаснува дека по објавената вест во весникот детето поради немилите настани  и објавената вест бил  во шок и престанал да оди во училиште од страв дека неговиоте соученици ќе го исмејуваат и дека истите ќе го гледаат со други очи. Исто така по објавената вест кај неговиот син се намалила и желбата да ги изведува активностите кои предходно со задоволство ги изведувал во слободното време и повторно како причина ги наведува претрпениот стрес и срамот од исмевање.

На оваа молба и барање од страна на загрижениот родител и во интерес на заштита на детските права Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше со писмено обраќање до Народниот правобранител и до Здружението на новинари на Република Македонија.

Имајќи го во предвит податокот дека дури и кога се имаат добри намери може да се наштети на интегритетот на детето и тоа дополнително да биде стигматизирано и виктимизирано, при реакциите за овој случај потсетивме и се повикавме на: 

- член 16 од Конвенцијата за правата на детето:

1. ниедно дете не смее да биде изложено на произволно или незаконско мешање во неговата приватност, семејство, дом или преписка, ниту на незаконски напади на неговата чест и углед.

2. детето има право на законска заштита против таквото мешање или напади;

Соодветно на нашата реакција добивме и повратен одговор од Народниот правобранител, кој не информираше дека се обратил исто така до Здружението на новинари на Република Македонија. Во одговорот е наведено дека Народниот правобранител бара од Советот на честа кој се грижи за промоција на етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорното новинарство утврдени со Кодексот на новинарите на Мкедонија, да ги преземе потребните мерки за испитување на случајот и доколку притоа оцени дека со ваквото информирање е извршена повреда на принципите на однесување предвидени во Кодексот на новинарите да преземе соодветни мерки спрема новинарот кој информирајќи за еден случај, според Народниот правобранител, непотребно го инволвирал и детето повредувајќи го неговото право на приватност, чест и углед.

Одговорот пак кој го добивме од Здружението на новинарите на Република Македонија можете да го погледнете во прилог.