Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Бесплатна правна служба – Претставки до Народен правобранител, Центри за социјална работа, полициски станици и други институцииВо периодот од 01.01.2010 до 31.03.2010 бесплатната правна служба имаше неколку случаи од кои дел беа проследени до соодветните органи, а дел беа третирани советодавно. Најголем дел од случаите на кои работеше правната служба се случаи пријавени на СОС телефонот како и случаи кои граѓаните на своја сопствена иницијатива дошле и ги пријавиле во просториите на детска амбасада. Исто така и медиумите ги користиме како извор на информации за некои случаи на кршење на детските права. 
 
Правната служба соработува со Центрите за социјална работа, со Народниот Правобранител, со Министерството за внатрешни работи, со Јавното обвинителство и со други државни и социјални институции. 
 
Во наведениот период бесплатната правна служба на Детската амбасада реагирала во случаи каде имало прекршување на детските права. При тоа во зависност од случаите биле испратени барања, претставки или дадено е правно мислење и помош на странки. Се испратени претставки до Центрите за социјална работа за случаи во кои е пријавено семејно насилство врз деца и негрижа, за социјална помош и злоупотреба на детски труд (питачење). До Народен правобранител се испратени претставки за насислство врз деца во училиште и други повреди на детските права. До СВР Скопје за физичко насилство врз деца и за пријавените случаи на питачење.
 
Освен писмените реакции, правната служба даваше и правни совети од областа на детските права нивна заштита секогаш кога тие се повредени, оспорени или загрозени .