Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Детската амбасада Меѓаши беше повикана од Советот за радиодифузија на консултативна средба за јавната кампања за борба против злоупотреба на дроги „Животото е мојот филм“ поддржана од ВладатаАнгелина Чалакоска психолог и координатор на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 присуствуваше како претставник од Првата детска амбасада во светот Меѓаши на консултативен состанок со претставници на повеќе организации свикан од страна на Советот за радиодифузија. по повод јавната кампања за борба против злоупотреба на дроги „Животото е мојот филм“ поддржана од Владата. Целта на овој состанок беше консултација околу категоризацијата на овие спотови, односно одредување на терминот на нивно прикажување поради содржината на истите и потенцијалното негативно влијание кое може да го имаат врз малолетната публика.

Секоја кампања се изготвува за да допре до одредена целна група, со цел зголемување на свесноста за постоењето на одредена појава во општеството, за причините за појавата на проблемот и последиците од него. Конкретно за оваа кампања на владата не е јасно за која целна група е наменета (деца, тинејџери, адолесценти, родители, конзументи и сл.). Потребно е детално проучување на проблемот пред изработката на една кампања, односно разгледување на проблемот од повеќе аспекти и консултирање на експерти кои работат на таа појава за која што и се изготвува кампањата. Потребно е предходно да се процени дали со неа би се постигнале посакуваните ефекти и како да се избегне евентуален контра ефект од истата.

Став на Детската амбасада Меѓашо по ова прашање поставено на состанокот со Советот за радио дифузија беше дека овие спотови се стигматизирачки, оставаат простор за поттикнување на формирање на предрасуди и стереотипизација на одредени социјални групи во општеството. Поради големиот број насилни сцени како и експлицитниот приказ за начинот на подготовка и конзумирање на посебните видови дроги можат штетно да влијаат врз развојот на личноста на малолетната публика. Постои можност да предизвикаат конфузија кај малолетната публика особено кај помладите, но и на некој начин да ја поттикнат љубопитноста кај „бунтовните“ тинејџери. Поради овие причини се изјаснивме дека доколку не постои можност за промена на содржината на спотовите, истите да бидат со назнаката 18+  во 5та категорија.

По завршувањето на состанокот СРД донесе одлука овие 4 спота („денот кога мајка и плачеше“ „тело за еден грам“ „последната црта“ и „ден потоа“) да се пуштаат со назнака 16+ со термин на прикажување од 22ч до 5ч а оној со наслов „живот“ во текот на целиот ден.