Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади за периодот од јануари до март 2010СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши активно работеше и во првотот тромесечие од 2010 година. Во периодод од месец јануари до месец март, регистрирани беа 70тина пријави од страна на граѓаните.

Контактот и пријавите најчесто се остваруваат преку бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222, но исто така граѓаните не контактираа и преку директни посети и по пат на електронска пошта. 

Сеуште останува трендот возрасни лица да се обраќаат за совети, информации и да ја изразат загриженоста кога се сведоци на случаи на кршење на детските права. Во однос на вкупниот број на повици, околу 10%  беа направени од деца (тинејџери). СОС операторите во овој период остварија разговори со 7 деца на СОС телефонот и директни средби во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

На прво место по бројноста на пријави, вкупно 25, се од категоријата на проблеми поврзани со бракоразводни постапки, доделување на старателство, решенија за видување со децата, проблеми поврзани со остварување на родителско право, остварување на правото на алиментација и сл. Јавувачите ни се обраќаат со цел да добијат правни и психолошки совети. Како да им помогната на децата за полесно да го поминат стресниот период од процесот на развод,  се обраќаат со жалби и незадоволство од донесените одлуки од страна на центрите за социјална работа.

Пријавите за семејно насилство и негрижа, насилство и непедагошки однос во училиштата како и обраќања за социјална помош и остварување на право на детски додаток се многу чести.

Родители на деца со посебни потреби се обраќаат на СОС телефонот да го изразат незадоволството и да побараат помош и поддршка затоа што сметаат дека во нашето општество овие деца се обесправени. Поради неприлагодените услови во институциите процесот на социјализација на овие деца е дополнително отежнат. Овие родители се обраќаат со цел да добијат информации за организации, здруженија  и клубови каде нивните деца би можеле квалитетно и креативно да го поминуваат слободното време и да се дружат.

Граѓаните не контактираат исто така за да не информираат за разрешницата на некој случај за кој заедно сме постапувале, но од најголема мотивација за СОС операторите е кога некој ќе се јави за да се заблагодари за поддршката и помошта која ја добил од СОС службата и да каже дека многу му значело тоа и дека сме му помогнале.

На СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 работат волонтери од најразлични професии (психолози, социјални работници, педагози и семејни советници) кои ги остваруваат разговорите со граѓаните.

Во тесна соработка со СОС службата, која нуди психолошка помош и поддршка,  е бесплатната правна служба која нуди бесплатни правни совети и постапување во ситуации кога се прекршени детските права.