Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Активности на амбасадата Меѓаши за новогодишните и божиќните празнициПрвата детска амбасада во светот Меѓаши во просториите на амбасадата организираше забава со подароци за децата со присуство на Дедо Мраз. Новогодишни пакетчиња и играчки добија децата кои го посетуваат Дневниот центар за деца кои не одат на училиште при Амбасадата Меѓаши и децата кои како внатрешно раселени беа згриежни до 2006та во Прифатилиштето за деца во кризна состојба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Амбасадата подели играчки и за децата од Хуманитарната организација „Мир“ од Скопје.

Новогодишните пакетчиња ги донираа Генел од Скопје и Вавилон софтвер солушн, а играчките беа донација од „Мара“ фондацијата од Холандија.

„Мара“ фондацијата донираше околу 600 плишани играчки со најразлична големина за децата од Дневниот центар. Радоста кај децата беше многу голема бидејќи Дедо Мраз оваа година покрај пакетчињата со чоколади и бонбони има подели и играчки. Дел од овие играчки беа употребени за опремување на просториите од Дневниот центар, каде децата кои не одат на училиште поминуваат дел од денот исполнет со едукативни и рекреативни содржини.