Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

„Меѓаши“ контра одлуката на прилепските социјални работници Останати вестиДоколку прилепскиот Центар за социјални работи (ЦСР) совесно си ја вршел работата и имал увид и надзор во случајот на семејството Кулески, зошто досега не им било одземено родителското право, туку веднаш по трагедијата е почната постапката, прашуваат од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 
  
- Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата или смрт. Центрите за социјална работа треба да се помобилни, поефективни и континуирано да ја следат состојбата на можни злоупотреби и превенција на последици по животот над децата во семејства во ризик, како и преземање соодветни мерки со што превентивно би дејствувале - стои во информацијата на детската амбасада.

Оттаму велат дека во вакви случаи каде што семејството се соочува со проблемот на обезбедување основи средства за егзистенција, државата и нејзините институции мора навремено да преземат некакви мерки.

Во овој случај, од „Меѓаши“ сметаат дека државните инструменти и социјалните работници затаиле и оти вината во најголем дел е кај нив.

Според Конвенцијата за првата на детето чиј потписник е Македонија, надлежните органи не постапиле навремено и биле незаинтересирани, со што прекршиле два члена според кои државата се обврзува на детето да му обезбеди грижа и заштита неопходна за неговата благосостојба, но и фактот што на сиромашното семејство Кулески не му била овозможена никаква материјална помош и поткрепа, во поглед на исхраната, облеката и живеењето.

Оттаму додаваат дека досега повеќепати било реагирано и барано од центрите за социјални работи позасилено да вршат надзор на родителското право, а потоа, ако и доколку се утврди дека има несоодветно вршење на родителското право да започнат постапка за одземање.

- Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ повеќепати досега ја критикуваше неажурноста и ненавремената интервенција за засилен надзор и увид во остварување на родителско право во семејства во ризик и дисфункционални семејства - се вели во соопштението на „Меѓаши“.

Во моментот, тригодишната Анѓела Кулеска се наоѓа кај роднини во Прилеп, додека нејзините родители се обидуваат да ја вратат назад. Викендов, тие беа посетени од неколку претставници на неколку фирми и институции од земјава кои им донираа храна, облека и материјални средства и им ја изразија нивната поддршка.
 
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31510103803&id=12&setIzdanie=21934