Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30

ТРЕНИНГ ЗА МЕДИЈАЦИЈА/ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ КОНФЛИКТИОд 07-ми до 9-ти септември во хотел Парк, Охрид одржавме тренинг за професори/ки на тема “Медијација/посредување во конфликт”. На тренингот учествуваа 15 педагози и професори/ки од пет средни училишта: ДСУ “Никола Карев”, ДСУ “Цветан Димов”, ДСМУ “Д-р. Панче Караѓозов” и ДСУ “Георги Димитров” од Скопје, како и ДСМУ “Никола Штеин” од Тетово. 
 
Целта на тренингот беше стекнување на знаења за вештините и техниките за посредување при конфликти. Тренингот се одвиваше низ интерактивни работилници, преку пленарна, групна и индивидуална работа. Групата имаше висок степен на кооперативност и подготвеност да работи на темата медијација, а меѓусебната поддршка беше составен дел од процесот на целиот тренинг.

Тренингот го спроведе тренерскиот тим:

Дијана Лампен и Џон Лампен, тренери од “The Hope Project” од Велика Британија кои ги пренесоа нивните знаења и вештини на високо професионален начин.

Трошоците за тренингот беа обезбедени од ФОРУМ ЗФД од Германија на кои сме им посебно благодарни, особено на Силке и Игор.

На 24-ти октомври одржавме состанок со истата група учесници од семинарот, при што заеднички заклучок беше дека корисноста од тренингот е посебно забележителна во секојдневната работа на педагошкиот кадар кога се случуваат бројни конфликтни ситуации во училиштата. Беа посочени различни примери на посредување во конфликти кои биле успешно решени. Силке и Игор обезбедија литература за медијацијата и се договоривме наскоро пак да се сретнеме и да се договориме за следните чекори.