Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30

ДРАГИ КАНАТЛАРОВСКИ ДАДЕ СВОЈ ПРИДОНЕС ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПЕДОФИЛИЈАТАКако завршеток на добротворните акции за овој период поранешниот фудбалер, Драги Канатларовски на 18 октомври донираше 17 000 денари на Детската амбасада. Мотивот за оваа донација е зголемениот број на случаи на педофилија, па Драги Канатларовски ги донираше овие пари за бесплатниот телефонски број за деца и млади 0800 1 2222, бесплатната правна служба и психо-социјалното советувалиште преку кои Детската амбасада ја реализира борбата против педофилијата.