Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


ОДГОВОР ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА МИСЛЕЊЕ ЗА СЛУЧАИТЕ НА ПОЛИТИЧКА И ЕКОНОМСКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА Првата детска амбасада во светот-Меѓаши, Република Македонија достави комплетна документација и упати барање за мислење до г-динот Љупчо Шврговски, Јавен обвинител на Република Македонија дали ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на децата во политички цели  на одбележувањето на денот на АРМ на 17.08.2007 година, до г-динот Дамјанчо Стојановски, генерален секретар на Детската амбасада на сите деца во светот од Прилеп и г-динот Лазар Еленовски, министер за одбрана на Република Македонија, како и кривична пријава за злоупотреба на детскиот труд до господинот Ф.Љ., сопственик на автоперална во Гостивар, каде трагично го загуби животот детето Авни Адеми на 17.08.2007 година.

Комплетната документација е предадена и до г-динот Иџет Мемети, Народниот правобранител на Република Македонија, г-динот Исо Руси, претседател на Хелсиншкиот комитет на Република Македонија, до г-ѓата Даниела Дабевска, претседателка на Куќата за човекови права на Република Македонија и до г-динот Петар Мркев, претседател на Коалицијата за правично судење.

На 05.10.2007 година, добивме известување од Јавното обвинителство дека поднесокот со прилози е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Прилеп и Основното јавно обвинителство Гостивар. По проверката на наводите во поднесокот, за одлуката на Јавното обвинителство ќе бидеме дополнително известени.