Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


ДЕТСКА НЕДЕЛА 


Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела, а првиот ден од Детската недела е Универзалниот Ден на детето. Детската амбасада секоја година организира активности со цел да се одбележи Детската недела. Како организација чија главна мисија се правата и заштитата на децата, оваа година имавме активности на повеќе полиња. Во рамките на Детските работилници, во поголем број на работилници, како што се работилниците по ликовно, едукација за човекови вредности, литературно-драмска, допишување и спортска, се работеа теми, содржини и креативни задачи, поврзани со правата на децата.