Промоција на Водичот за волонтирањеПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши во рамките на Граѓанската Платформа на Македонија, го спроведува проектот “Промоција на волонтеризмот“, чиј главен исход е публикација на Водич за волонтирање, како и негова промоција низ универзитетите на Република Македонија.
![](WBStorage/Articles/5732AC0EC832E04DA0868D26D5389D5D.jpg)
Овој настан е дел од проектот “Поддршка на националниот граѓански форум/платформа“, финансиран од Европската агенција за реконструкција.
![](WBStorage/Articles/BBE672D59C5F804EB3FC0317375C0999.JPG) Имено, на 30 октомври беше одржана првата промоција на водичот за волонтирање на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово. Додека пак во почетокот на месец ноември се планирани уште три наредни промоции, и тоа на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и во Штип, како и на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. Промоциите се одржуваат пред се на студенти, на кои воедно бесплатно им се дели примерок од водичот на македонски и на албански јазик. За секоја промоција се обезбедени повеќе од 3 000 примероци (вкупниот тираж изнесува 15 000) кои воедно се делат и пред факултетите од страна на волонтери.
Со овој водич сакаме волонтирањето да го направиме повидливо, да го зголемиме нивото на информираност, да ја подигнеме јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса и да отвориме нови можности за волонтирањето. Се надеваме дека ќе биде практична алатка за младите и студентите, дека ќе помогне во изнаоѓање на форми за сопствена партиципација во граѓанското општество и во процесот на донесување промени, како и во корисно структуирање на слободното време, стекнување на знаења и работни вештини.
|