Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


Законот за Донации и Спонзорства во пракса за прв пат во Република Македонија Генел - Меѓаши

Соработка на Меѓаши и Генел - за секој купен Канон производ, 1 Евро за активностите на Меѓаши

Во текот на месец јули го потпишавме првиот договор за донација од јавен интерес, согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Трговското друштво за производство, услуги и промет “ГЕНЕЛ Филип”ДОЕЛ Скопје и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши потпишаа договор за донација од јавен интерес.  Имено оваа компанија во текот на годината ќе ни донира средства за работата на СОС телефонот за деца и млади и бесплатни правни совети во висина од 1 ЕВРО во денарска противредност од секој купен производ на КАНОН од страна на ГЕНЕЛ Филип дооел.

Со вклучувањето во оваа акција, Генел директно ја подржува нашата целна група, но исто така и понатаму го потврдува својот имиџ како социјална одговорна компанија.

Решението беше донесено од Министерство за правда на Република Македонија на 20. јули 2007 година.

Во текот на месец септември, Генел продаде 171 прозвод опфатен со акцијата за донација и согласнот договорт собра средства во износ од 171 евро, кои ќе се искористат за договорената намена.


Голема благодарност до компанијата Генел!