ЗАШТИТА НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА НА ИНТЕРНЕТ ВО МАКЕДОНИЈА Покрај добрите страни што ги овозможува Интернетот кој се користи за забава, едукација, бизнис итн., тој исто така нуди и можности за дистрибуирање на нелегален материјал и спроведување на нелегални активности.
Еден од проблемите со кои се соочува современото општество е како да се справи со сe поголемата злоупотреба на децата на Интернет, кои доаѓаат во допир со неадекватни содржини на нивната возраст (дрога, порнографија, нацистички сајтови, абортуси, самоубиства, педофилија итн.)
![](WBStorage/Articles/C49797D105EB714CAEA05B3E97A09C80.jpg) Токму од овие причини, Првата детска амбасада во светот-Меѓаши се вклучи во проектот “Детските права на Интернет–безбедни и заштитени” како партнер на Фондацијата Метаморфозис. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската комисија во рамките на Европската иницијатива за микро програми 2006 за демократија и човекови. Главната цел на овој проект е заштита на детските права на интернет, а истата ќе се постигне преку подигнување на свеста на децата во Македонија, нивните родители и професори, како и преку различни активности на невладиниот сектор и медиумите.
Програмските активности на овој проект можат да се поделат во 4 главни групи во кои ќе земе учество и Првата детска амбасада во светот-Меѓаши:
Создавање на мрежа од 10 невладини организации од различни градови во Македонија кои делуваат во сферата на заштита на човековите права
Обука и организирање на работилници за невладините организации кои ќе членуваат во мрежата, за зајакнување на нивните капацитети преку нивно воведување во проблематиката на Заштитата на детските права на интернет и начините за реализација на истите во Македонија
Презентации за децата, родителите, наставниците и медиумите со цел подигнување на нивната свест и зголемување на нивното знаење
- Подготовка и издавање на едукативни материјали, како и подготовка на други корисни извори: web страна, водич, брошури-флаери, Закон за правата на децата на интернет
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ќе ги стави на располагање сите свои технички и организациски ресурси и капацитети за реализација на целите и програмските активности на овој проект и да обезбеди примена на сите регулативи кои се однесуваат на правата на децата на Интернет.
![](WBStorage/Articles/06E377BA8DC49A41BBF77F02F34B9090.jpg)
|