Реакција за сведоштвото на детето жртва на семејно насислство во Емисијата ’Нешто убаво„ на ТВ Сител емитувана на 28.08.2009 Првата детска амбасада во светот Меѓаши на јавување на новинарката Јулијана Кимовска од Нетпрес и нејзина дојава на нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 12222 за сведоштвото што детето жртва на семејно насилство го соопшти пред јавноста, се обрати со барање до Советот за радиодифузија на Македонија. Согласно Правилникот за заштита на малолетната публика од програми кои можат штето да влијааат врз нејзиниот физички, психички и морален развој и Конвенцијата за правата на детето Советот да преземе соодветни мерки поради јавно емитување на интервју со детето жртва на насилство во емисијата „Нешто убаво„ емитувана на ТВ Сител.
Побаравме видео запис од Советот за радиодифузија и стручниот тим во Детската Амбасадата Меѓаши констатира дека девојчето жртва на насилство собрало храброст да не молчи за случајот и да зборува јавно на телевизија затоа што има потреба од психо-социјална помош и поддршка. Кај неа сеуште се чувствува постоење на чувство на вина и огромна болка, а особено е доминантна нејзината потреба за поддршка и помош.
Првата детска амбасада во светот се залага децата жртви да се охрабрат да не молчат за насилството, но изјавите за истото да се земаат во специјализирани соби наречени „скрин соби„ а не пред тв камерите. Интервјуто да се води во присуство на стручен тим составен од психолог, социјален работник, претставник од судот и полицијата. Ова е со цел да се избегне понатамошното виктимизирање на детето жртва и дополнително трауматизирање. Семејното насилство, како и секој друг вид на насилство и злоупотреба претставуваат трауматско искуство за детето жртва која често остава трајни последици.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше тренинг со новинарите за начинот на известување во случаи на сексуална злоупотреба на деца. Новинарите учесници се согласија дека кога известуваат за случаи кога децата се жртви на насилство особено на педофилија и сексуална злоупотреба ќе внимаваат на заштитата на детето и неговиот идентитет и интегритет и ќе известуваат во најдобар интерес на детето. Дури и во ситуациите кога е потребно и детето жртва бара да даде изјава јавно, тоа мора да биде со дозвола на родителите/старателите и во најдобар интерес на детето е да се заштити неговиот идентитет со мутирање на глас и замаглување на ликот.
Првата детска амбасада ги охрабрува децата и младите да се јавуваат на бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222, во најблиската полициска станица или до Центрите за социјална работа.
Советот за радиодифузија како државна институција треба да иницира донесување закон со кој ќе се заштитат децата и нивните права кога тие медиумски се изложуваат во јавноста.
Очекуваме Советот за радиодифузија на Македонија да постапи согласно Правилникот за заштита на малолетната публика од програми кои можат штето да влијааат врз нејзиниот физички, психички и морален развој, каде е предвидено:
b. Planiraweto termini za emituvawe programi ~ie scenario tretira (i) seksualna zloupotreba na maloletnici, mora da se temeli vrz faktot deka maloletnite, emocionalno ranlivite i psiholo{ki pomalku stabilnite gleda~i mo`at da bidat voznemireni kako posledica od o~ekuvanata identifikacija so prika`anata `rtva na nasilni~kiot ~in.
v. Osobeno {tetni posledici vrz maloletnata, vrz emocionalno ranlivata i vrz psiholo{ki pomalku stabilnata publika mo`at da predizvikaat opisite, scenite i/ili gletkite na siluvawe i posledici od siluvawe. Neophodna e mo{ne vnimatelna kategorizacija na programite so opisi, so sceni i/ili so gletki so oblici na zakonski zabraneto seksualno odnesuvawe.
1. Nepredvidlivosta na mo`nite individualni i kolektivni posledici predizvikani so mediumskiot tretman na takvite temi, apelira vrz nivoto eti~ka svest i vrz odgovornosta na urednikot na programata.
2. Profesionalnata odgovornost na novinarot podrazbira i deka `rtvite na nasilstvo treba da se tretiraat so maksimalen respekt, a poradi za{tita na ~ovekovoto dostoinstvo nivnite tela ne treba da se prika`uvaat vo kadri so krupen plan, osven vo isklu~itelni slu~ai koga e toa neizbe`no poradi celovitosta na informativniot materijal.
За жал, честопати (дури и кога се имаат добри намери) може да се наштети на интегритетот на детето и тоа дополнително да биде стигматизирано и виктимизирано.
Во таа фунцкија, потсетуваме на обврските кои што ги има преземено Република Македонија согласно Конвенцијата за правата на детето.:
Имено, во член 16 од споменатата Конвеција се нагласува
1. ниедно дете не смее да биде изложено на произволно или незаконско мешање во неговата приватност, семејство, дом или преписка, ниту на незаконски напади на неговата чест и углед.
2. детето има право на законска заштита против таквото мешање или напади;
- Основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата, се следниве:
1. внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата;
2. да внимаваат да не користат визуелно или друго идентификување на децата доколку тоа не е очигледно во јавен интерес;
3. да осигураат независна верификација на информациите што ги дале децата и да водат посебна грижа верификацијата да не ги стави во опасност децата информатори;
4. да употребуваат чесни, отворени и недвосмислени методи за обезбедување слики и, таму каде што е можно, да ги добијат со знаење и согласност на децата или на одговорното возрасно лице, старател или лицето што се грижи за нив.
5. Медиумите не треба да ги земаат предвид и да известуваат за положбата на децата само како настан, туку треба постојано да известуваат за процесот кој може да доведе или води кон појавата на тој настан.
Во најдобар интерес на децата е медиумите да внимаваат на вакви детали кои може да имаат негативен ефект токму над децата за кои се залагаме да ги заштитиме.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши како и досега што има реагирано во вакви ситуации, така и сега презема активности за заштита на децата и нивните права. Очекуваме конкретни мерки и од Советот за радио дифузија.
За овој настан ќе биде информиран и Народниот правобранител.
|