Почетна » Архива » 2009

ЛЕТНИ ЦИРКУСКИ РАБОТИЛНИЦИ

 

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ВЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОД 27. ЈУЛИ, ПОНЕДЕЛНИК ДО 31 ЈУЛИ, ПЕТОК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ЛЕТНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ЦИРКУС. ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ ДЕЦА ДО 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ




Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност - од Франција и оваа година доаѓа во Скопје со цел по втор пат да им ја приближи работата на циркуските дисциплини и уметноста на циркусот, на децата од Првата Детска Амбасада во Светот  МЕЃАШИ.

 

Програмата во себе вклучува четири категории на учење циркуски техники:

1.      Жонглирање,

2.      Акробација,

3.      Рамнотежа и

4.      Игра на актерот ( доверба во својот партнер-другар).

 

Освен циркуските техники децата ќе се запознаат со животот на луѓето во циркус, како и со нивните патувања, ќе цртаат, ќе се дружат и ќе изработуваат циркуски реквизити.

 

Работилниците се без надомест и ќе се одвиваат во претпладневните часови, со времетраење од 2 часа.

Термините ќе бидат од 10.00 до 12.00 часот и од 13.00 до 15.00 часот.

Последниот ден 31 ЈУЛИ, децата што редовно ќе доаѓаат на работилниците, заедно со своите волонтери - циркузанти, за сите присутни ќе организираат циркуска претстава.

 

Сите деца кои се заинтересирани да учествуваат во циркуските работилници треба да се пријават најдоцна до 23 Јули четврток, за да можат да бидат регистрирани во групите за работа.

 

Воедно Ве информираме дека работилниците ќе се одвиваат надвор, во дворот на Амбасадата Меѓаши, така што секое заинтересирано дете, и/или возрасен, кое сака да гледа како се одвиваат работилниците (а не сака да учествува во нив), може да биде дел од публиката секој ден, во термините предвидени за работа на работилниците.

 

За сите информации, како и за зачленување во летните работилници, јавете се на телефон 2 463 900, или na besplatniot СОС телефон за деца и млади, 0 800 1 22 22 ili посетете не директно во просториите на  Првата Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ, на адреса Ул. Коста Новаковиќ бр. 22а, секој работен ден од 09 до 17 часот. 

 

Лице за контакт – Ангелина Чалакоска, координаторка на Циркуските работилници.