Почетна » Архива » 2009


Презентација на Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвени од Националната коалиција за правата на детето на Република Македонија


 

Националната Коалиција за правата на детето [1], координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши организира прес конференција со цел да ги презентира Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија.
 

"Република Македонија во последниве години надмина многу политички и економски пречки, но од перспектива на правата на детето напредокот е ограничен... (напротив) ситуацијата на децата во Македонија станува во многу нешта полоша. И покрај бурните законодавни реформи и пишување политики, децата и нивните семејства, особено сиромашните деца и сиромашните семејства ги пропуштаат правата на квалитетна здравствена нега и образование и правата на учество и вклученост..." Повеќе за состојбата на децата во Македонија ќе дознаете на самата прес конференција.

На пресот воведен збор имаа:
М-р Драги Змијанац - Извршен Директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, говореше за препораките на невладинот сектор до Комитетот за правата на детето при ООН
Кети Јандријеска Јованова – Правник од Хелсиншкиот комитет за човекови права, говореше за содржината на Алтернативниот извештај кон Конвенцијата за правата на детето
М-р Драги Змијанац - Извршен Директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, говореше за Алтернативните извештаи кон Факултативните протоколи кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија и инволвираност на деца во вооружени конфликти
Светлана Мулкуеен - Редакција на извештај од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, говореше за процесот на подготовка на Алтернативниот извештај
Модератор:  Катерина Конеска – Правник од Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Во периодот од 23 Декември 2008 до 1 Декември 2009 година се изработуваа Алтернативни извештаи од страна на Националната коалиција за правата на детето (коалиција составена од 21 невладина организација и 2 невладини коалиции). Беа изработени 4 Алтернативни извештаи:

•         Алтернативен извештај на НВОи кон вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето во РМ
•         Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија
•         Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за инволвираност на деца во вооружени конфликти
•         Детски алтернативен извештај - изработен од самите деца

Овие извештаи ќе бидат испратени до Комитетот за правата на детето на ООН и истите ќе бидат презентирани од страна на тројца возрасни претставници од Македонската националната коалиција за првата на детето и две деца претставници на предсесија пред Комитетот на почетокот од Февруари, во Женева.

Изготвувањето на Алтернативните извештаи е дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Комисија и УНИЦЕФ.

Ќе ни биде голема чест и задоволство доколку присуствувате на прес конференцијата и објавите во јавноста дел од податоците од Алтернативните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија.

 

Тука може да го симнете извештајот 

Преземи
PDF 1225 KB

 

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/alternativen-izveshtaj-za-sostojbata-so-pravata-na-decata-vo-makedonija

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=16224

 

ПРЕС СООПШТЕНИЕ

Алтернативни извештаи на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

 

Алтернативните извештаи на невладините организации по повод Вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето[1] и иницијалните извештаи за факултативните протоколи се подготвени од Националната коалиција за правата на детето - Република Македонија - НКПД (Неформална коалиција формирана во 1997година) како проектна активност на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. За потребите да се подготват извештаите во 2009 година беше обновена и проширена оваа НКПД со нови организации членки и две коалиции. Во изработката на Алтернативните извештаи учествуваа вкупно 21 граѓански здруженија и 2 коалиции на граѓански здруженија.[2]

Целосна верзија тука