РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА-ГЛОБАЛНА КАМАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2009
Главниот настан во Скопје по повод КАМПАЊАТА се одржа на 22 април во 12 часот на Градскиот плоштад во Скопје со МАРШ за образование.
На Плоштадот децата со транспаренти со испишани пораки за правото на сите деца на образование и писменост, мирно маршираа во знак на солидарност со сите деца на светот кои не одат на училиште и кои не знаат да читаат и пишуваат. Во светот има 774 милиони возрасни и 75 милиони деца кои не знаат да читаат и пишуваат. Во Македонија има над 18.500 деца кои не одат на училиште, од кои 2000 деца се на улица. Во Македонија 200.000 возрасни немаат завршено основно образование.
На 22 април во 13:30 часот 50 деца остварија средба во Собранието на Република Македонија со г-дин Сафет Незири, Претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Децата разговараа и поставуваа прашања во врска со образованието и за тоа што тој може да направи за децата кои не одат на училиште. Исто така децата побараа од Претседателот на Собраниската комисија да ја потпише писмената гаранција дека во текот на својот мандат ќе се залага да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Гаранцијата е прикачена во прилог
Истиот ден децата остварија средба и со г-дин Перо Стојановски министерот за образование и наука. На оваа средба децата имаа можност да поразговараат со Министерот за значајноста на образованието, како и да му поставуваат прашања за тоа што тој како Министер може да направи и ќе направи за сите деца кои не одат на училиште. Децата побараа од Министерот да објасни што тој до сега има направено во однос на залагањата за кои веќе ја има потпишано гаранцијата да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Види прилог гаранција..ѓ
На настанот на Градскиот плоштад во Скопје учествуваа деца од училиштата од Скопје заедно со деца гости од другите градови од Македонија (Струмица, Куманово, Кичево, Кавадарци, Тетово и Прилеп) Исто така, во многу други градови во Македонија беа реализирани активности кои ја поддржуваат главната активност во Скопје со маршот и Големото читање, на 22 Април: -Кичево – на 21 Април, 10 деца го посетија Бирото за развој на образованието, каде остварија средба и разговор со државниот советник, државниот инспектор и регионалниот инспектор за образование. Претставниците на бирото за развој на образованието потпишаа гаранции со кои се обврзаа дека ќе работат за најдобар интерес на детето и ќе обезбедат поквалитетно образование со што ќе го вклучат секое дете во училиште, од нивната општина. -Прилеп – на 21 Април, 12 деца го посетија градоначалникот на општината, кој потпиша гаранација дека ќе работат за најдобар интерес на детето и ќе обезбедат поквалитетно образование со што ќе го вклучат секое дете во училиште, од нивната општина. -Виница – на 23 и 24 Април, градоначалникот на општината ќе ги посети четирите основни училишта во општината. Тој, исто така ќе потпише гаранција. -Куманово – на 22 Април 15 деца го посетија градоначалникот на општината. -Милино (село во општина Лозово) – на 22 Април, одржа марш со транспаренти во центарот на селото и објави конкурс за состави на тема Образование за секое дете. -Кавадарци – на 22 Април, во основните училишта беше одржан час на Големото читање.
|