Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

СУБРЕГИОНАЛЕН ТРЕНИНГПрвата детска амбасада во светот Меѓаши, во соработка со Фондацијата “Ничии деца” од Полска, од минатата година реализира проект под име Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа.

Во рамките на проектот за 2008 година, кој носи наслов Мултидисциплинарен пристап во случаи на злоставување на децата, ќе се одржи субрегионален тренинг во Р Македонија.

Тренинг во Хотел Поречки Бисер, во Самоков од 10 до 12 Декември, 2008 година, на тема Мултидисциплинарен пристап во областа на насилство и негрижа врз децата – Препознавање, разбирање, интервенција.

На тренингот ќе учествуваат 8 претставника од Бугарија, како претставници на институциите и граѓанските организации од нивната земја.

Од Република Македонија,  ќе учествуваат претставници од судот, центрите за социјални работи, МВР – оддел за малолетничка деликвенција, детски домови, дневен центар за деца на улица, Сос детско село, од малолетничките затвори и претставници од граѓанскиот сектор,.

Предавачи на тренингот се:

Г- дин Станислав Петковски, специјалист по медицинска психологија, системски-семеен терапевт, трансакционен аналитичар, визитинг професор на Академија Италијана.  

Г-дин Кевин Браун, професор по судска и детска психологија, на унивезитет во Ливерпул, Велика Британија, валуатор од Фондација ОАК, носител на проектот Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа.