Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Малиот Атанаско живее во страв дека повторно ќе биде вратен во домот „11 Октомри“ --------------------------------------------------------------------------------
Затворен во себе под постојан притисок и страв дека ќе биде повторно однесен во домот „11Октомври“ живее малиот Атанаско. Спие со мајка му, не се дружи со децата, не оди на училиште. Вели дека десет пати ја барал по телефон во Домот неговата сестричка, сакал да ја слушне бидејќи знае дека таа пати за дома, но од таму не му ја даваат. Растргнат помеѓу семејството и т. н. „Грижа“ на институциите, Атанаско одбива секаков контакт со претставниците од Центарот за социјални работи.

-Од социјалното ни рекоа да не ги сакаме мама и тато - вели Атанаско

11 годишникот Атанаско ја изнесе на виделина неефикасната системска поставеност на институциите кога станува збор за заштитата на децата во вакви случаи, каде тие се директни жртви кои лесно можат да се изгубат во тој лавиринт, предупредуваат стручњаците.

 

- Во целиот случај има една апсурдност, фигуративно ќе се изразам се отстранува здравиот дел на ткивото, а болниот дел останува. Децата и мајката ги одвојуваат, а останува таткото, кој е главниот причинител за дисфункционалноста на семејството - вели м-р Радмила Манчевска, психолог - терапевт.

Сега врз грбот на овие деца се прекршуваат копјата на институциите и семејството, секој со свое влијание го доведува до кулминација проблемот кој скоро секогаш ефектуира со неповратно осакатување на менталното здравје на младиот човек.

- Наместо во дом децата да се испратат во прифатно семејство. Одвојувањето може полесно да се прифати, а децата можат да согледаат и др. Начини и услови за функционирање на семејството кое би им било за пример во понатамошниот живот- вели Манчевска.

Храбриот чекор на малиот Атанаско да се спротивстави на системот, сам да помине 200 км. За да стигне до својот дом и да се јави на СОС телефонот за да пријави малтретирање во институцијата која згрижува деца е порака која треба да ја прочитаат надлежните.

(27.12.2008)
 
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=43617&mid=1500&tabId=1&tabindex=0