Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Судиите се обучуваа за процеси со деца жртви на сексуална злоупотреба28 November, 2008 05:25:00

Во организација на Академијата за обуки на судии и обвинители и Првата детска амбасада- Меѓаши денеска во Скопје се одржа семинар на тема „Сексуалната злоупотреба на децата и нивната кривично правна процедура.

Целта на обуката е сензибилизирање на судиите за начинот на судење при ваквите сличаи. Во Македонија следната година треба да има околу 30-тина обучени судии и обвинители кои ќе постапуваат во случаи на сексуална злоупотреба на малолетници.

До 2009 година во Македонија треба да има околу 30 обучени судии за случаи на сексуално злоупотребувани деца. Судењата треба да се завршуваат брзо и без одложувања, казните за педофилите да бидат високи, а децата жртви да бидат под постојана заштита на социјалните центри за време и по судењето. Ова беа само дел од темите на семинарот за судии и обвинители кој се одржа во Скопје.

„Ја спроведуваме оваа обука со цел да се сензибилизираат судиите и обвинителите за децата жртви и сведоци. Мислиме да извршиме притисок врз нив за поголема одговорност при судењето. Бидејќи доколку центрите за социјална работа и МВР не го следат педофилот постои можност тој да го повтори делото“ изјави Драги Змијанац, извршен директор на „Меѓаши“.

„Детето треба да биде заштитено, а педофилот да се санкционира. Мислам дека ние како држава треба да го прифатиме моделот на следење на педофилите и без разлика на високата казна тие да бидат следени од органите за да не го повторат делото“ вели судијката Лидија Илиевска.

До сега освен казната затвор како најдобар механизам против педофилите, во западните земји тие се предмет на постојано следење од полицијата, а нивното движење е делумно ограничено.

Фросина Пандурска