Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

НОВОГОДИШНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО РАМСТОРВо периодот од 15 до 30 Декември, во просториите на трговскиот центар Рамстор, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, учествуваше со новогодишни работилници.

            Секој работен ден, во попладневните часови (15.30–19.30), се одржуваа работилници на кои се изработуваа новогодишни лампиони, новогодишни честитки и разни новогодишни оригами предмети. За време на викендите работилниците се одржуваа во периодот од 12.00 до 16.00 часот.

            На работилните можеа да учествуваат сите деца кои се заинтересирани да поминат креативно исполнето слободно време. Секое дете кое учествуваше во работилниците, доби по еден изработен производ за себе, а со останатите предмети учествуваа во украсување на Рамстор.

            Покрај работилниците беше поставен и штанд на Детската амбасада, каде беа изложени рачно изработени предмети од децата членови на амбасадата, како и од волонтери. На штандот можеше да се купат и новогодишни честитки, кои за оваа година, исто така, беа направени од мотиви на цртежи што ги изработија децата членови на Детските работилници во Меѓаши.

Датум и ден
Име на работилницата
 
15 Декември

Понеделник
 Новогодишни лампиони
 
16 Декември

Вторник
 Оригами – Новогодишна тема
 
17 Декември

Среда
 Новогодишни честитки
 
18 Декември

Четврток
 Новогодишни лампиони
 
19 Декември

Петок
 Оригами – Новогодишна тема
 
20 Декември

Сабота
 Новогодишни честитки
 
21 Декември

Недела
 Новогодишни лампиони
 
22 Декември

Понеделник
 Оригами – Новогодишна тема
 
23 Декември

Вторник
 Новогодишни честитки
 
24 Декември

Среда
 Оригами – Новогодишна тема
 
25 Декември

Четврток
 Новогодишни честитки
 
26 Декември

Петок
 Новогодишни лампиони
 
27 Декември

Сабота
 Оригами – Новогодишна тема
 
28 Декември

Недела
 Новогодишни лампиони
 
29 Декември

Понеделник
 Новогодишни честитки
 
30 Декември

Вторник
 Новогодишни лампиони