Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

Промоција на проектот ,,Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет,,30.10.2008

Општината Кисела Вода дава поддршка за имплементација и реализацијата на проектот ,,Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет,, организирана од страна на фондацијата ,,Метаморфозис,, која се одвива во соработка со Првата детска амбасада во светот ,,Меѓаши,,.
Во прилог на оваа поддршка (со согласност од Министерство за образование и наука) за реализација на проектот во општината Кисела Вода на ден 30.10.2008 година во барака бр. 7, во период од 17.00-19.00 часот ќе се одржи презентација на овој проект.
Бенефит  од овој проект ќе биде подигањето на јавната свест кај учениците, наставниците и родителите, за добрите страни на интернетот и за начинот како да се одбегнат опасностите и како да се постапи во колку ги има. Учесниците ќе добијат флаери и брошури насловени ,,Ти одлучуваш,,.
Овој проект ќе се одвива во две фази и тоа првата фаза е презентација и втората фаза одржување на работилници по ОУ во општината Кисела Вода и тоа три работилници за ученици, една за родители и една за наставници.