Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Хуманитарен штанд во „Рамстор“


Хуманитарен штанд на Центарот за институционален развој (ЦИРА) и првата детска амбасада „Меѓаши“ ќе биде отворен во Рамстор од денеска до крајот на месецот, секој ден од 12 до 20 часот, како продолжение на Кампањата за креирање фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба.

На штандот повеќе од педесет претставници на македонската естрада ќе делат летоци и ќе ги мотивираат посетителите да донираат во поставените касички за донации. Сите што ќе донираат средства во Фондот ќе имаат можност да учествуваат во наградна игра, а награди се обезбедени и за граѓаните што ќе донираат најмногу средства во фондот.

Хуманитарниот штанд ќе го отворат Роберт Вукелиќ и Маја Поцевска, а утре со граѓаните ќе се дружат Силви Бенд, Сашо Коцев и Анета Наковска. До крајот на настанот своето присуство го потврдија и Кристина Арнаудова, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Роберт Билбилов и други.

М.Т.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top