Глобална Недела на Акција 2008, “Квалитетно Образование за Сите: Крај на неписменоста” “Политичари вратете се во училишните клупи: Време е за учење”
Oваа година Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Република Македодонија повторно ја организира Недела на глобална акција - Global Action Week (GAW) на национално ниво, ќе спроведе повеќе активности во текот на целата недела. Глобалната Недела на Акција ќе трае од 21 до 28 април 2008 година, додека главниот настан World Biggest Lesson ќе одвива на 23 април 2008 година.
