Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална кампања за образование 2006/7/8 » Глобална недела на акција 2008


Глобална Недела на Акција 2008, “Квалитетно Образование за Сите: Крај на неписменоста” “Политичари вратете се во училишните клупи: Време е за учење” Oваа година Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Република Македодонија повторно ја организира Недела на глобална акција - Global Action Week (GAW) на национално ниво, ќе спроведе повеќе активности во текот на целата недела. Глобалната Недела на Акција ќе трае од 21 до 28 април 2008 година, додека главниот настан World Biggest Lesson ќе одвива на 23 април 2008 година. На овој ден планирано е да се одржи Најголемиот Училишен Час во што поголем број на училишта низ градовите во Републиката, додека централниот случување ќе се одвива во основното училиште “26 Јули” во општина Шуто Оризари во Скопје во 10.00 часот. За таа цел ќе бидат поканети членови на граѓански организации кои се активни во сферата на образованието на младите, новинари, лидери на политички партии, Градоначалникот на Скопје, Премиерот, Претседателот на Државата и јавни личности кои би сакале да дадат придонес во Глобалната Кампања за Образованието.


 
The Global Campaign for Education (GCE), Глобалната Кампања за Едукација се потпира на Правото на образование, се повикува на Крај на сите форми на исклучување од квалитетното образование, се залага за вклучување на СИТЕ во образовниот процес како нивно основно право. GCЕ презема акција преку оваа кампања да ги потсети лидерите на државите ширум светот на ветувањето кое го имаат дадено за вклучување на сите во образованиот процес. GCЕ e кампања која има за цел да стави крај на широката криза во образованието и чија мисија е да обезбеди секоја влада да биде активна во спроведувањето на правото на бесплатно и квалитетно образование за секое девојче, момче, маж, жена.

 Види:  www.campaignforeducation.org

            www.childrensembassy.org.mk
 

Во Република Македонија има над 18.500 деца кои не се во можност да бидат дел од образовниот процес. Нашата акција представува апел до сите лидери на Република Македонија, да дејствуваат во правец на искоренувањето на неписменоста и исклучувањето на децата од образованието. Затоа  оваа година кампањата се фокусира на пренесување на пораките од децата, организациите, училиштата кон политичарите. Враќањето на политичарите во училишните клупи е само еден чекор и сето тоа укажува на големата потребата за квалитетно образование и образование на сите без разлика на возраст, пол, раса, етничка припадност, религија и други различности.
 
За активностите кои ќе се одвиваат во текот на Global Action Week 2008 дополнително ќе Ве информираме во текот на оваа недела.
 
Повеќе податоци можете да најдете на:
 
Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ

Коста Новаковиќ 22 а,1000 Скопје

Република Македонија

Tel: ++389 2 2465 316
Fax:++389 2 2463 900

info@childrensembassy.org.mk
www.childrensembassy.org.mk
www.campaignforeducation.org