Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална кампања за образование 2006/7/8 » Глобална недела на акција 2008


Светска кампања за вклучување на децата во образование 2008

Светската кампања за вклучување на децата во училиште „Global Campaign for Education” е активност која ја спроведуваме секоја година почнувајќи од 1999 година. Оваа акција на меѓународно ниво е координирана од страна на Global March Against Child Labor , додека национален координатор кај нас е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
             

 

 

 


Кампањата се спроведува веќе осма година и ќе трае до 2015 година,

До кога на глобално ниво а и во секоја земја треба да се реализираат следниве цели:

1.     Да се зголеми раната детска гиржа и едукација;

2.     Да се обезбеди бесплатно и задолжително образование за сите;

3.     Да се потикнува учењето и животните вештини за младите луѓе и возрасните;

4.     Да се зголеми писменоста кај возрасните за 50%;

5.     Да се постигне полова еднаквост до 2005 година;

6.     Да се подобри кавлитетот на образование.

Оваа година Глобалната недела на акција 2008 се организираше под мотото „Поквалитетно образование, крај на неписменоста“, „Политичари вратете се во училишните, бреме е за учење“. Со цел да се потсетат политичарите на нивните ветувања и обврски да се подобри положбата на над 18.500 деца кои не се вклучени во образовниот процес.

Кампањата беше поддржана од следните основни и средни училишта и  низ Републиката. 1. ОУ „Маршал Тито“ - Струмица                                      2. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Струмица

3.  ОУ „7 Марси“ - Тетово                                                    4. ОУ „Гоце Делчев“ општина Битола

5.  ОУ „Братство – Миѓени“ -Тетово                                   6. ОУ „Јан Амос-Коменски“ - Скопје

7. СОУ„Крсте Петков Мисирков “ - Демир Хисар            8. ОУ „ Братство Еднинство “ - Охрид

9.СОУ„ Наим Фрашери “– Неготино                                 10. СОУ „Сали Лиси “ -Доридол

11.СОУ„ Мехмет Дерала “- Градец                                    12.СОУ„Врапчиште “-Врапчиште

13. ОУ„Никола Парапунов “ – Виница                              14.ССОУ   „Зеф Љуш Марку “ – Скопје

15.СОУ„Св. Кирил и Методи “ – Неготино                      16.СОУ„Гоце Делчев “ – Куманово 17.СУГС  „Ѓорѓи Димитров “ –  Скопје                            18.ОУ„ Маршал Тито “ –  Струмица   19.ОУ „ Вера Јосиќ “ –  Скопје                                           20.ОУ„ Симче Настовски “ – Вратница

21.ОУ „ Славејко Арсов “ –  Ресен                                     22. ОУ „ Јоаким Крчковски “ – општина  23.ОУ„ 29 Ноември “ – општина Кочани                          24.ОУ„ Видео Подгорец “ – Струмица

25.ОУ„ Св. Климент Охридски “ – општина Делчево     26. ОУ„ Климент Охридски “ – Битола 27.ОУ„Мите Богоески“ – Ресен                                         28.СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

29.ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Велес                               30.ОУ„Григор Прличев“ – Гази Баба

31.ОУ „Коле Канински“ – Битола                                      32.СОУ„Димитар Влахов“ –  Струмица

33.ОУ„Страшо Пинџур“ – Карбинци                                34.ОУ„Кочо Рацин“ – Виница                        35.ОУ„Блаже Конески“ – Велес                                        36.ОУ„Даме Груев“- Кучлиш, Струмица

37.ОУ„Јоаким Крчовски“ –Крива Паланка                      38.ОУ„Димитар Влахов“с.Љубојно, Ресен

39.ОУ„Панајот Гиновски“ – Скопје                                  40.ООУ„Даме Груев“ – Градско

41.ПОУ„Маца Овчарова“ – Велес                                     42.ОУ„Григор Прличев“ – Охрид

43.ОУ„Гоце Делчев“ – Ресен                                             44.„Страшо Пинџур“-с.Соколри,Облешево

45.ОУ„Климент Охридски“ – Делчево                             46.ОУ„Сандо Масев“ – Струмица

47. ЦПУ„Драга Стојановска“ –с.Ракотинци,Сопиште    48.ОУ„Добре Јоvановски“ – Прилеп

49.ОУ„26 Јули“ – Шуто Оризари 

Главниот настан на Глобалната недела на акција претставува Најголемиот Училишен Час кој се одржа на 23 април 2008 година, на кој присуствуваа  2.616 „ученици“  во над 50тина училишта низ градовите во Републиката, додека централниот настан се одржа во Основното Училиште “26 Јули” во општина Шуто Оризари во Скопје во 10:00 часот. На настан во „26 Јули“ беа присутни претставници на секторите за образование на градот Скопје, општините Чаир, Бутел и пратеничката во парламентот на Република Македонија Зумрета Јакупи, наставнички од основното училиште, родители и членови на организации кои се активни во сферата на образованието на младите. Додека на настаните во другите училишта присуствуваа градоначалниците на градовите Охрид, Ресен, Крива Паланка, општините Гази Баба, Врапчиште и членови на Секторите за Образование од преку 30 општини во Република Македонија. Имаше присуство и на голем број на претставници на локални НВО, како и на родители кои се заинтересирани во рамките на нивните можности да допринесат за поквалитетно образование на нивните деца, еден од родителите кои беа присутни на Најголемиот училишен час беше и популарниот македонски музички изведувач Влатко Стефановски.

Подршка на овогодинешната кампања даде и Евро амбасадорот во Република Македонија Г-динот Ерван Фуере, кој ја изрзи неговата постојана подготвеност за поддршка на кампањи за правата на децата на образование.

Со група од 12 деца бевме примени во Министерството за Образование на Македонија, каде што децата од ОУ „Јан Амос Коменски “ и децата од ПДАС Меѓаши, разговараа и му поставуваа прашања на советникот за основно и средно образование Г-дин Љубчо Спасеновски. На оваа средба советникот образложи што министерството за образование прави на оваа поле а воедно и кои се нивните идни планови.

            На 24.04 беше организиран денот на дебати на кој замеаа учество десетина основни и средни училишта, на овие дебати се дебатираше за тоа што би требало да се стори во нивнота средина за поквалитетно образование и крај на неписменоста.

            На дебатата на Филозофскиот факултет, на Универзитет “св.Кирил и Методиј“, во Скопје, учествуваа претставници на студентските организации ЕЛСА, АЕГЕЕ, и претставници на НВОи кои работат во секторот на едукација на млади: Триаголник, МОФ, BLUE SKY и педесетина студенти активна публика.