Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална кампања за образование 2006/7/8 » Глобална недела на акција 2007

Меѓународната недела на Акција 2007 (23-29 април) ПРИДРУЖЕТЕ СЕ !Право на образование СЕГА!
Целта на Неделата на акција е да ги алармира светските влади за алармантната состојба со исклученоста на децата од системот на образование. Поточно, во светот 80 милиони деца не одат на училиште! Во Република Македонија бројката на деца кои не се вклучени во училиштата е над 18.000!

Тимот на Глобална Недела на Акција 2007 се сретна со Претседателот Бранко Црвенковски
По повод кампањата ПРИДРУЖЕТЕ СЕ! Право на образование СЕГА! На 25.04.2007 среда, во 13.00 часот, делегација на деца и претставници на Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ имаше средба со Претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски.

Децата од Македонија се вклучија во светската кампања за Oбразование
Децата од Македонија со симболично формирање на ланци-синџири на градските плоштади во повеќе градови ја одбележаа кампањата за нивно вклучување во образованието „Придружете се! Право на образование СЕГА!”, што ја организира Првата детска амбасада во светот - „Меѓаши“. Централниот настан на кампањата, што се одржа во Скопје, го посети премиерот Никола Груевски, при што ја потпиша гаранцијата поставена од организаторот за вклучување на сите деца во образованието.