Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Градење култура на детско учество

Втор тренинг за граѓански организации кои учествуваат во подготовка на Извештај во сенка за правата на детето
Во периодот од 28 до 30 Јули, 2009 година во Инфо Центарот на Европската Унија во Скопје, се одржа вториот тренинг од областа на правата на детето и мониторинг на детските права на тема Процес на подготовка на Извештајот во сенка и известување пред телата на Обединетите нации, наменет за граѓанските организации (ГО) кои се дел од Националната коалиција на граѓански организации за заштита на правата на детето и учествуваат во подготовка на Извештајот во сенка кон Конвенцијата за правата на детето од ООН. 

Избор на деца претставници во Женева
За време на третиот тренинг за деца во Охрид, беше договорено децата да поднесат мотивационо писмо – писмо на интерес, за учество на деца претставници во Женева.

Работилници за подготовка на алтернативните извештаи за Конвенцијата за правата на детето, Факултативниот протокол за деца учесници во вооружени конфликти и Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија
1. На 24 Октомври 2009, како последователна активност на тренингот за правата на деца во институциите, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши имаше работилница во хотелот Цар Самуил во Бања Банско. На оваа работилница присуствуваше целиот професионален тим на Детската амбасада и деца претставници на следните организации (вкупно 22 учесника): Центар за граѓански иницијативи –Прилеп, Порта – Струмица, Совет за превентива на малолетничка деликвенција – Кавадарци, ХУ Мајка од Куманово, Антико - Кичево, Љоја – Тетово.

Трет тренинг за деца на тема Децата во процес на подготовка на извештај во сенка и известување за состојбата со детските права
Во периодот од 29 до 31 Август, 2009 година во Хотел Славија во Охрид, се одржа третиот тренинг за деца на тема Децата во процес на подготовка на извештај во сенка и известување за состојбата со детските права.

Трет тренинг за граѓански организации кои учествуваат во подготовка на Извештаи во сенка за правата на детето
Во периодот од 29 Септември до 02 Октомври, 2009 година во Хотелот Алпина во Маврово, се одржа третиот тренинг од областа на правата на детето и мониторинг на детските права на тема Подготовка на извештаи во сенка за правата на детето со посебен осврт на Факултативните протоколи, наменет за граѓанските организации (ГО) кои се дел од Македонската национална коалиција на граѓански организации за заштита на правата на детето и ќе учествуваат во подготовка на Извештајот во сенка кон Конвенцијата за правата на детето од ООН.