Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Градење култура на детско учество

Работилници за подготовка на алтернативните извештаи за Конвенцијата за правата на детето, Факултативниот протокол за деца учесници во вооружени конфликти и Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија1. На 24 Октомври 2009, како последователна активност на тренингот за правата на деца во институциите, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши имаше работилница во хотелот Цар Самуил во Бања Банско. На оваа работилница присуствуваше целиот професионален тим на Детската амбасада и деца претставници на следните организации (вкупно 22 учесника): Центар за граѓански иницијативи –Прилеп, Порта – Струмица, Совет за превентива на малолетничка деликвенција – Кавадарци, ХУ Мајка од Куманово, Антико - Кичево, Љоја – Тетово.

Целта на оваа работилница беше подготовка на алтернативни извештаи за Конвенцијата за правата на детето, Факултативниот протокол за деца учесници во вооружени конфликти и Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија.

Децата учесници во оваа работилница го изготвуваа нивниот, детски извештај за Конвенцијата за правата на детето кој треба да биде испратен и презентиран до Комитетот за правата на детето во Женева.

2. На 30.10.2009, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, се оддржа еднодневна работилница за членките на Коалицијата со цел подготовка на Алтернативните извештаи. Програмата беше поделена на 2 блока – работилници. Првиот дел од работилницата го водеше Силва Пешиќ, во кој таа подетално ги запозна учесниците со процесот на известување пред Комитетот за правата на детето преку презентација на документарен филм. Вториот дел од работилницата беше посветен на разработка на првата работна верзија на Алтернативните извештаи за Конвенцијата за правата на детето и двата факултативни протоколи од страна на членките на Националната Коалиција за правата на детето.
 
На крајот од работилницата беше договорен понатамошен план за соработка со членките на Коалицијата за доработка на Алтернативните извештаи.

3. На 11.11.2009, во хотелот Средно Водно во Скопје, се оддржа еднодневна работилница за подготовка на ивештаите во сенка на која присуствуваа членките на Коалицијата. Модератор на работилницата беше Проф. Д-р. Мирјана Најчевска, експерт за човекови права. Работилницата беше наменета за финализирање на работните верзии на Алтернативните извештаи. Извештаите се разгледуваа од страна на членките на Коалицијата и беа донесени препораки, коментари и дополнувања на истите преку групна работа и пленарни дискусии.

На оваа работилница учество земаа и децата, кои го подготвуваа нивниот детски извештај во сенка одделно од возрасните.

4. Работилници за подготовка на детскиот извештај беа реализирани и на 13 и 19 Ноември. На 13 Ноември учество зедоа 12 деца, а на 19 Ноември 13 деца. Работилниците се одвиваа во просториите на Детската амбасада Меѓаши. Се разгледуваше Извештајот од страна на присутните деца, членки претставнички на своите градови и граѓански организации и беа донесени препораки, коментари и дополнувања во содржините на текстот.

5. На 17 Ноември, во  Детската амбасада, исто така се одржа работилница за изработка на детскиот извештај, но со деца од Скопје, каде се работеше на донесување на препораките, кои на следната работилница (19 Ноември) беа разгледувани со децата од другите градови.