Почетна


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПОПРАВКИ


Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi во рамките на проектот “Општини посветени на децата – Место за растење” поддржан од Европската Унија, објавува повик за ангажирање лице за одржување и поправки на позиција: Технички – оперативен извршител/ка.

Детската амбасада Меѓаши бара луѓе со мотивација, енергија, креативност и подготвеност да ги прифатат нашите вредности: посветеност кон мисијата за поддршка и заштита на децата, градење на мирот, одговорност, личен интегритет, емпатија.

Мисија:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

Визија на Детската амбасада МЕЃАШИ: ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Назив на работното место:

Технички – оперативен извршител/ка

Работни задолженија:

- Техничко одржување опфаќа редовно одржување, поправка на електрична инсталација и набавка на потребен материјал за поправки, промена на сијалици и неонки, поправка на прозори, врати, брави, подови, поправка на грејни тела, бојлери, чешми, казанчиња во тоалет и друго, редовна проверка на инсталацијата на целиот објект, поради голема старост на истиот, состојбата на електрични апарати и навремено информирање за одредени проблеми кои се јавуват во делот на одржување на објектот.

- Други дополнителни организациски активности

Потребни квалификации и меки вештини:

Минимум завршено средно образование

Возачка дозвола Б категорија, активен возач

Комуникациски и организациски способности

Сензитивност за работа со деца и маргинализирани групи граѓани/ки

Посветеност, доследност, флексибилност

Работни услови:

• Ангажман на определено време од 9 месеци три пати неделно, односно 64 часа месечно, или заклучно 31.07.2024 до крајот на проектот

• Работа доминантно во канцеларија, но и на терен

• Месечно предавање на евиденција на работни часови

Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат свое CV, финансиска понуда и копија од возачка дозвола на info@childrensembassy.org.mk со назнака: оглас за работна позиција Технички – оперативен извршител/ка. Само тие кои ќе бидат селектирани ќе бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада МЕЃАШИ не презема одговорност да им одговори. Крајниот рок за испраќање на пријавите е 5 ноември (вторник) 2024.

Апликациите кои што нема да бидат комплетни и кои ќе пристигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме испратете ги на placetogrow@childrensembassy.org.mk најдоцна до 5 ноември 2024.