ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/КА

Првата детска амбасада во светот Меѓаши го проширува тимот на амбициозни и посветени професионалци кои прават промени и креираат поправеден и побезбеден свет за децата. Фокусирани кон остварување на организациската мисија и визија и со практикување на вредностите како солидарност, доверба, ентузијазам, соработка, правда и поддршка тимот на Меѓаши продолжува да ги надградува и развива сервисите за поддршка.
Мисија на ПДАС Меѓаши:
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете.
Доколку се препознавате во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, и се стремите кон праведност, правичност и функционален систем кој работи во интерес на децата, тогаш имате нешто заедничко со нас. Ако имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти, како и желба за нови предизвици, поседувате висок интегритет, одговорност и отчетност, и сакате да станете дел од нашиот мал, но посветен тим, ве покануваме да ги прочитате долунаведените критериуми за аплицирање на позицијата - Финансиски менаџер/ка во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.
Ангажманот за наведената позиција е дел од проектот MKSAFENET кој предвидува формирање на Национален центар за безбеден интернет простор за децата каде како важен дел од новиот систем за безбедност е АлоБушавко линијата за деца и млади претходно познат како СОС телефон за деца и млади. Проектот под водство на Министерството за дигитална трансформација е со траење од 18 месеци, период во кој ќе се воспоставуваат важни механизми, процедури и правила на координирано справување со различни предизвици во интернет просторот со кои се соочуваат децата.
повеќе...
Оглас за вработување оператор(к)и на линијата за поддршка на деца и млади, „АлоБушавко“

Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува оглас за вработување на оператор(к)и на линијата за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“. Вработувањата се во рамките на проектот “Безбеден интернет центар во Македонија“ (MkSafeNet), чиј координатор е Министерството за дигитална трансформација (МДТ), а ко-финансиран од Евроспката комисија, претставувана од Европската извршна агенција за здравство и дигитализација (ХаДЕА). Периодот на имплементација на проектот е до 28.02.2026 година.
Проектот MkSafeNet има за цел да воспостави Национален центар за безбеден интернет во Македонија, следејќи ги европските практики и веќе-воспоставените центри во регионот, притоа адресирајќи го недостатокот на таков ресурс во земјата. Главната цел е да се обезбеди побезбедно дигитално искуство за децата, да им се понудат алатки и знаења за одговорно користење на дигиталните технологии како и да се обезбеди поддршка за жртвите на сајбер-насилство.
Позиција: Оператор(к)и на линијата за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“, 4 извршител(к)и
Опис на работната позиција:
-
Прием на повици од деца, адолесценти или лица кои се грижат за децата, родители, старaтели, кои бараат или имаат потреба од воспоставување контакт со линијата за поддршка;
-
Обезбедување поддршка кон лицата кои оствариле контакт, преку активно слушање, професионално водење, поддршка при решавање на проблемите кои се од различен вид, како што се семејни конфликти, проблеми во училиште, ситуации кои предизвикуваат стрес, предизвици во дигиталниот свет, насилство и други психолошки или емоционални предизвици;
-
Обезбедување поддршка и насочување кон безбедно користење на интернет и справување со онлајн ризиците
-
Обезбедување информации кои се корисни за здравјето, образованието, безбедноста и друго, односно служат за воспоставување врска со надлежни организации/институции и служби, кои професионално се занимаваат со посочените теми (здравствени установи, правни субјекти, МВР, Народен правобранител и др.);
-
Доверливост и тајност на работата. Сите разговори и информации остануваат доверливи и се третираат согласно етичките и законските стандарди;
-
Обезбедува целосна административна и логистичка координација на линијата и редовно известува;
-
Комуникација со надлежни институции за решавање на пријавените случаи;
-
Следење, документирање на повиците и подготвување на месечни, полугодишни и годишни извештаи и месечни распореди;
-
Соработка со тимот на линијата за поддршка „АлоБушавко“ и обезбедување соодветна помош;
-
Организирање и спроведување едукативни сесии со деца и млади, за безбедно користење на интернет и справување со онлајн ризици
-
Координација со други организации и институции кои работат на полето на дигиталната безбедност, за размена на информации, соработка и споделување на најдобри практики
-
Постојано усовршување и учество во обуки за подобрување на квалитетот на услугите на линијата за помош „АлоБушавко“.
Повеќе...
Повик за достава на понуди за техничка опрема
Прва детска амбасада во светот - Меѓаши за потребите на проектот „MkSafeNet”, Ве поканува да доставите Понуда за техничка опрема - лаптопи, чија спецификација е објаснета во прикачениот документ - Барање за доставување на понуди (БДП).
Во документот ќе најдете подетални информации во однос на роковите за извршување и условите за плаќање.
Рокот за доставување на понудата е 29 ноември (понеделник).
Повеќе...

Првата детска амбасада во светот Меѓаши го проширува тимот на амбициозни и посветени професионалци кои прават промени и креираат поправеден и побезбеден свет за децата. Фокусирани кон остварување на организациската мисија и визија и со практикување на вредностите како солидарност, доверба, ентузијазам, соработка, правда и поддршка тимот на Меѓаши продолжува да ги надградува и развива сервисите за поддршка.
Мисија на ПДАС Меѓаши:
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете.
Доколку се препознавате во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, и се стремите кон праведност, правичност и функционален систем кој работи во интерес на децата, тогаш имате нешто заедничко со нас. Ако имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти, како и желба за нови предизвици, поседувате висок интегритет, одговорност и отчетност, и сакате да станете дел од нашиот мал, но посветен тим, ве покануваме да ги прочитате долунаведените критериуми за аплицирање на позицијата - Финансиски менаџер/ка во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.
Ангажманот за наведената позиција е дел од проектот MKSAFENET кој предвидува формирање на Национален центар за безбеден интернет простор за децата каде како важен дел од новиот систем за безбедност е АлоБушавко линијата за деца и млади претходно познат како СОС телефон за деца и млади. Проектот под водство на Министерството за дигитална трансформација е со траење од 18 месеци, период во кој ќе се воспоставуваат важни механизми, процедури и правила на координирано справување со различни предизвици во интернет просторот со кои се соочуваат децата.
повеќе...
Повик за понуди за дигитална камера
Првата детска амабсада во Светот - Меѓаши за потребите на проектот: “Безбеден Интернет Центар на Република Северна Македонија - МкСафеНет”, Ве поканува да доставите понуда за работите наведени подолу во ова Барање за доставување на понуди (БДП). За да одговорите на ова БДП потребно е да ги следите упатствата содржани во овој документ. Со доставувањето на понудата вашата фирма ги прифаќа условите содржани подолу. Внимателно прочитајте ја приложената документација. Рокот за доставување на понудите е 04 април (петок) на info@childrensembassy.org.mk , majavelkovska@megjashi.org.mk , klementinadobrevska@megjashi.org.mk или во канцеларијата на ПДАС-Меѓаши на следната адреса: Ул. Коста Новаковиќ 22А, Аеродром, Скопје до 16:00 часот.
Проектот е ко-финансиран од Европската Комисија, преку Европска извршна агенција за здравство и дигитализација/ European Health and Digital Executive Agency (HaDEA), во имплементација на Министерството за дигитална трансформација во партнерство со Конзорциумот.
Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на долунаведените контакти. Лицa за контакт: Клементина Добревска – комуникациски менаџер, МкСафеНет Маја Велковска - проектен менаџер, МкСафеНет klementinadobrevska@megjashi.org.mk majavelkovska@megjashi.org.mk Т. +389 075 233 279 / +389 71 358 712 Општи информации Целта на ова барање е да се добијат понуди за една (1) дигитална камера. Важни датуми Датум на испраќање на барањето: 27 март (четврток), 2025 год. Рок за доставување на понудите: 04 април (петок), 2025 год.
Техничка спецификација...