Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Тренинзи, обуки и конференции

Учество на Меѓународна конференција „Безбедност на децата и младите на Интернет“Катерина Конеска во периодот од 29-30 септември 2009 година учествуваше на третата Меѓународна конференција на тема „Безбедност на децата и младите на интернет“ која што се одржа во Варшава, Полска. Конференцијата беше организирана од Програмата за безбедност на Интернет на Европската Комисија и од страна на Германскиот и Полскиот центар за безбедност на интернет.
 
Целта на конференцијата беше да се подигне свеста за новите предизвици и можности во борбата против Интернет заканите и да се отвори простор за размена на најдобрите практики помеѓу различни сектори. 
           
На конференцијата присуствуваа 450-500 претставници од образовниот сектор, од невладините организации, владини институции и бизнис сектор. Беа презентирани и дискутирани широк спектар на различни прашања поврзани со безбедноста на децата и младите на интернет, како на пример идентификување на компјутерски криминал против најмладите корисници на интернет, намамување на интернет, сајбер насилство, детската безбедност и мобилните телефони.

Во продолжение следи дел од презентациите поврзани со мерки и активности што презема Европската унија на ова поле:

Европската комисија беше во потрага на политика за борба против сајбер криминалот во блиска соработка со земјите членки на ЕУ и други јавни и приватни партнери. Во 2007, Комисијата ја презентирала оваа политика во детали во комуникација наречена „Кон генерална политика за борба против сајбер криминалот“. Комисијта утврди приоритети за борбата против интернет содржините кои се однесуваат на сексуалната злоупотреба на деца, запирање на напад од поголеми размери на информацискиот систем и презамање акции за заштита на идентитетот. Оваа политика неодамна повторно беше возобновена со нова повеќегодишна програма  насловена „Област на слобода, безбедност и правда во служба на граѓаните“

Комисијата учествува во легислативниот процес. Помеѓу најважните легислативни мерки поврзани со сексуална експолоатација на деца е Рамковната одлука на Советот за борбата против сексуалната експолоатација на деца и детската порнографија. Во март 2009, Комисијата испратила предлог за подобрување на содржината на Рамковната одлука со подигнување на нивото на детска заштита во ЕУна највисоки стандарди.

Комисијата силно ја охрабрува меѓуграничната соработка помеѓу ЕУ агенциите надлежни за спроведување на правото особено оние кои работат на размена на информации и заеднички истраги. Последен пример е Европската алерт платформа за прекршоците поврзани со Интернет што ќе овозможи низа од извештаи за престапите извршени во различни ЕУ држави членки на интернет, како прикажување на нелегални содржини. 

Комисијата ја поддржува соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. Специфични препораки биле одобрени од Советот на Министери за внатрешни работи во форма на заклучоци на Советот  во ноември 2008. Една од препораките промовира тренинг во областа на истрагата на сајбер криминалот. Комисијата е во процес на конституирање Европска тренинг платформа во партнерство со државите членки на ЕУ, Еуропол и CEPOL. Друга важна јавно-праватна иницијатива е Европската Финансиска коалиција против онлаин материјалите за комерцијалан детска сексуална злоупотреба. Целта на Коалицијата е да се комбинираат напорите на различни јавни и приватни членки насочени кон борбата на производство, дистрибуција и продажба на слики со детска порнографија на интернет, отежнувајќи им го правењето профит додека ги лоцираат и уапсуваат криминалците.

Комисијата исто така изготви неколу финансиски програми за поддршка на практична имплементација на нејзините приоритети во политиката како „Побезбеден интернет“ и „Превенција од и борба против криминалот“. 

The EU Safer Internet Program (Програма на ЕУ за Побезбеден Инернет) за периодот 2009 -2013 година е изградена врз основа на 4 главни активности:

Активност 1 – Јакнење на јавната свест за online ризиците и мерките на заштита (претпазливост)

Активност 2 – Борба против нелегалните содржини (особено сексуалната злоупотреба на деца) и спречување на штетното online однесување

Активност 3 – Промовирање на безбедна online средина

Активност 4 – Основање на ресурсен центар кој ќе овозможи информации за развојот на политиките и акциите