Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Тренинзи, обуки и конференции

Учество на меѓународен конгрес на тема “Менување на околината со нови предизвици – современи теми во грижа за децата и младите”Татјана Јаневска, во периодот од 13 до 17 Септември, 2009 година учествуваше на седмиот национален конгрес, кој се одржа во Свонси, Велс, Велика Британија, на тема Менување на околината со нови предизвици – современи теми во грижа за децата и младите.

Конгресот беше организиран од  Британската Асоцијација за студии и превенција на насилство и негрижа врз децата.

На конгресот присуствуваа претставници од научните институции, од невладините организации, владини институции од цела Британија, и од повеќе земји од Европа, Америка и Азија. 

Беа презентирани истражувања, добри практики и политики, можности за нови знаења и вештини, со цел поддршка на професионалците кои се занимаваат со заштита на децата, а делејќи го своето искуство.

Темите на конгресот беа од најразлиен аспект. Се зборуваше за новите предизвици и можности во борбата против насилството и негрижата врз децата, особено нагласувајќи ги актуелните проблеми на современото доба, како што се сексуалното насилство врз децата во Европа и Америка, убивањето на младите од чест од страна на членови на нивните семејства кај заедниците од земјите на Блиски Исток,  трговијата со млади од Африка со цел домашно слугување, заштита на децата и младите од различни сексуално преносливи болести во најрана возраст, поради појавата на рана промискуитетност, системи на превенција за заштита од несакани последици во општеството, новиот систем на детска заштита во Британија, начини на работа со деца кои биле жртви на сексуално насилство, причините за смртта на децата на помала возраст, здравјето и добросостојбата на децата, како и практична примена на правата на децата од Конвенцијата на правата на детето, во законите на Велс.