Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Тренинзи, обуки и конференции

Обука за креирање политикиПрвата детска амбасада во светот Меѓаши, како членка на Граѓанска платформа на Македонија (ГПМ), Македонија без дискриминација (МБД) и Коалиција „Сите за фер и правично судење“ учествуваше со двајца свои претставници на Обуката за креирање политики која се спроведува во рамките на проектот „Јакнење на капацитети за креирање политики“ чиии целни групи се организациите членки на споменатите мрежи. 

Проектот го спроведува МЦМС со поддршка и соработка со ОБСЕ. Цел на проектот е да придонесе кон зголемени капацитети на граѓанските организации да придонесуваат во креирањето на политиките за одредени прашања.

На обуката „Застапување и лобирање за вклучување во креирање политики“ што се одржа од 16 до 18 септември во Скопје учествуваа Катерина Конеска и Роза Василевска.