Почетна » СОС телефон » Информации за СОС телефон


Извештај за СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) јануари-декември 2009та година

 
СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши во 2009та година направи 16 години од неговото постоење. Во текот на тие 16 години, до денес регистрирани се 17 784 пријави на различни видови проблеми со кои децата секојдневно се соочуваат.

Во текот на 2009та година беа регистрирани вкупно 377 пријави. Повиците беа во многу поголем број веројатно над 1000 (нив оваа година не ги бележевме). Како најчесто употребуван начин за стапување во контакт со нас се покажа СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија), на кој имаше 223 пријави, а на второ место се директните посети од граѓаните во просториите на СОС службата за директна помош при Првата детска амбасада во светот Меѓаши, односно 118 директни посети.

За секоја од овие пријави во просек беа остварени по три до четири контакти (телефонски и со посети) што значи беа остварени околу 700 телефонски разговори и околу 400 директни средби.

Целосна верзија PDF

 

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=16403


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/decata-od-strav-retko-prijavuvaat-nasilstvo-na-sos-telefonite