Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Реакции до советот за радиодифузија за емисиите Нешто убаво и Момент на вистината


Советот за радиодифузија на Република Македонија ќе покрене прекршочна постапка


Советот за радиодифузија на Република Македонија на својата 18-та седница одржана на 16.09.2009 година, донесе одлука да покрене прекршочна постапка против Трговското радиодифузно друштво "ТВ Сител" ДООЕЛ Скопје, поради прекршување на член 70, став 1од Законот за радиодифузна дејност ("Сл. весник на РМ", бр. 100/05, 19/07, 103/08, 152/08), во емисијата "Нешто убаво" емитувана на неговиот програмски сервис на 28.08.2009 година, во рамките на која емитувано е интервју со злоупоребувано малолетно лице, на начин кој може негативно да влијае на малолетната публика и сериозно да го наруши физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите.

 

            Советот за радиодифузија на Република Македонија ќе закаже состаноци со Јавното обвинителство на Република Македонија, Народниот правобранител на Република Македонија и Комисијата за заштита на личните податоци, на кои ќе бидат рагледани и можните прекршувања на други закони, направени со емитувањето на наведеното интервју во рамките на емисијата "Нешто убаво".