Почетна


ЗАЕДНО ДОМА – ПЛАТФОРМА ЗА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ И СИТЕ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ДЕЦАТА ВО ПЕРИОДОВ НА КОРОНАВИРУСОТ

 https://www.facebook.com/groups/332016164425472/

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ, ОВА Е ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА КРЕАТИВНИ ИДЕИ КАКО ДА ГО МИНЕТЕ ВРЕМЕТО СО ДЕЦАТА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА.

  

Поради вонредно настанатата состојба со коронавирусот (ковид-19), Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ започна платформа на тема ,,ЗАЕДНО ДОМА“. Темата на платформата е квалитетното поминато време со децата во услови на пандемија. Потсетуваме дека изолацијата заради коронавирусот е можност возрасните да поминуваат повеќе креативно време со своите деца. Важно е тоа време да биде квалитетно поминато, децата да почувствуваат дека се поддржани, полесно да ги сфатат информациите кои ги слушаат, да се информирани соодветно на нивната возраст, но не и преоптоварени со сето она што се случува. Сакаме да поттикнеме споделувања на игри, учења, хумор, песни, цртежи, кратки видеа, фотографии... Да покажеме како може да се биде креативен и забавен, иако се седи дома.

За таа цел, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ја отвори ФБ-групата ,,ЗАЕДНО ДОМА“ со намера тоа да е простор во кој децата, младите, родителите, старателите, како и други членови на семејството, ќе имаат можност да споделуваат креативни производи кои можат да ги направат дома.

Бидете креативни, трагајте и пронаоѓајте интересни и забавни активности за децата, развивајте ја детската имагинација со она што ви стои на располагање, односно со користење материјали што може да се најдат дома. Посебно ги поттикнуваме: детското учество, креации, идеи од децата за децата. Идеите треба да се иновативни, оригинални, кретивни. Целта на оваа платформа е да им се обезбеди простор на родителите и децата за креативно изразување, простор ослободен од секојдневните грижи поврзани со коронавирусот.

Затоа драги деца, родители...
- изразете се со ликовни креации, моделирање тесто, глина, пластелин или нешто друго или, пак преку рециклирање – за што сé можете да го искористите потрошното тетрапак пакување од сок, на пример;
- направете иновативни проекти за функционални работи што може да се користат дома;
- претставете се со музичка точка или настап, а ние ќе запееме или танцуваме гледајќи ве;
- покажете ни какви сѐ вкусни и креативни рецепти умеете да подготвите (се разбира, мислиме на овошна салата или слично кои најдобро децата знаат да ги направат J )
- споделете ги со нас најоткачените друштвени игри што може да се измислени;
- напишете и споделете со нас поезија или состав во коишто ќе уживаме додека ги читаме.

И додека децата ја креираат одбраната точка, вие, драги родители, забележете ги најинтересните моменти за да можат и другите да го видат процесот на креирање.

Креациите ќе може да се поставуваат на платформата ,,ЗАЕДНО ДОМА“ на следниве адреси:
- Фејсбук (за родители со деца до 13 години)
- Инстаграм (за деца и млади)
- Вибер
- Е-пошта

По завршувањето на кризниот период со коронавирусот, родителите ќе можат да ги праќаат и по пошта авторските дела, за што дополнително ќе информираме.

Сите креации при објавувањето да ги содржат хаштаговите:
#заеднодома
#останидома
#меркипротивдосадата
#ПокажимунаБушавкодека
#сикреативен
#рециклирај
#реупотреби
#креативнипротивковид19
#Емдомаемкреативни

Ова не е натпревар, туку е платформа за споделување. Креациите кои ќе ги одбере комисија оформена за оваа платформа ќе бидат поставени на веб-страницата на Детската амбасада „Меѓаши“.

Право на учество на платформата имаат сите деца и млади од Македонија, но и иновативни возрасни кои имаат корисни предлози и идеи за квалитетно користење на времето со децата и младите. Тие можат самостојно да поставуваат содржини на ФБ-групата, а децата помали од 13 години да користат ФБ-профил или Инстаграм од родител. Информациите на ФБ-групата ќе бидат на македонски јазик, за жал, нема да бидеме во можност да ги преведуваме сите содржини на локалните јазици. Но, што се однесува до користењето на јазикот на кој креациите што ќе бидат реализирани и поставувани, важно ни е да истакнеме дека нашата намера е да им дадеме поддршка на децата да уживаат во создавањето на креациите, а секако дека тоа е возможно доколку го користат мајчиниот јазик, односно јазикот што ним им е најблизок и во атмосфера која им дава сигурност. Затоа ќе се потрудиме најинтересните продукти кои се на јазиците на другите етнички групи да ги преведеме и поставиме со превод, но за тоа секако дека ќе ни треба и определено време.

Авторските дела се поставуваат на ФБ-групата со продуктот (цртеж, слика, видео, песна, фотографија...), името на продуктот и името на авторот (доколку го постира родителот). Еден од условите за да бидат објавени креациите е да НЕ се објавуваат со ЛИНК каде се публикувани претходно на социјални мрежи или, пак на некоја друга платформа или конкурс. Креациите на ФБ-групата се „аплоудираат“ на групата, со соодветните #, додека на Инстаграм е потребно да го „тагнете“ профилот на „Заедно дома“ кога ќе објавувате. Истотака, ве охрабруваме да објавувате и преку Инстаграм „стори“, повторно тагнувајќи го профилот на „Заедно дома“.

https://www.youtube.com/watch?v=wSVeBjYC4hg&feature=youtu.be

За испраќање преку е-пошта да се испратат на: zaednodoma@gmail.com а на Вибер преку телефонскиот број: 072 42 12 32. Потсетуваме дека е потребно да се наведе името на продуктот и името на авторот.

 https://www.facebook.com/groups/332016164425472/