Почетна


ОГЛАС

за волонтери и волонтерки на СОС телефонот за деца и млади

и други активности при

ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

 

Во периодот од 3 - 5 декември 2019 година, Првата Детска Амбасада во Светот „Меѓаши“ ќе ја организира втората, тро-дневна обука за волонтери/ки, студенти/ки. Темите кои ќе бидат обработени на обуката се однесуваат на:

  • Запознавање со целите на волонитарњето и што претставува волонтерскиот ангажман / работа,
  • Запознавање со работата на ПДАС Меѓаши,
  • Запознавање со работата на СОС телефонот за деца и млади,
  • Запознавање со работата на различни активности коишто ги спроведува организацијата а се во интерес на децата и младите,
  • Запознавање со улогата на Собранието на Македонија во однос на законската регулатива за детски права
  • Запознавање и практикување на техники за застапување и лобирање на општествени иницијативи поврзани со детски права  

 

Обуката ќе биде спроведувана во Скопјe. За потребите на работната група, ќе биде изготвена план програма за работа за сите три дена и истата ќе биде доставена до учесниците пред обуката.

ВАЖНО: После обуката, ќе биде спорведено интервју со кандидатите за утврдување кои од нив ќе продолжат со ангажманот во ПДАС Меѓаши.

Што е волонтирање:

Волонтирање или доброволна работа е дејствување на луѓе кои имаат добра волја да го вложуваат своето слободно време, труд, знаење и работа за добробит на заедницата без паричен надомест.

Волонтирањето е еден од најсилните елементи кои интензивно придонесуваат за демократските промени во секое општество.

Преку волонтирање се создава чувство на одговорност кон заедницата, кон децата и воопшто луѓето од сите возрасти, постојано освестувајќи ја важноста на вредностите како солидарност, заедништво, рамноправност, ненасилство, грижа за околината итн. На тој начин работејќи за другите градиме поправедно општество и истовремено работиме и за себе.

Што е потребно за волонтирање:

  • Да сте студент/ка на еден од следниве факултети: Факултет за психологија, Факултет за правни науки и Факултет за педагогија;
  • Интерес, јасна и недвосмислена желба за доброволна работа во која имате знаење и способности, или да сте подготвени да учите ако немате доволно познавања,
  • Мотивација за работа; креативност и посветеност.

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат овие услови треба да достават:

  • кратка биографија,
  • писмо за мотивација, 

ВАЖНО: Во рамките на истата предвидено е патните трошоции на учесниците/ учесниичките да бидат покриени во висина на повратен автобуски билет. Во текот на трите дена биде обезбеден ручек. Рефундирањето на патните трошоци ќе се врши по достава на оригинален документ, (патна карта и фискална сметка) доставени до ПДАС Меѓаши, на трансакциска сметка на  волонтерот.

Документите треба да бидат испратени на e-mail:  sos@childrensembassy.org.mk со назнака: „за волонтер/ка“, најдоцна до 25.11.2019 година.

Напомена:

Бројот на учесници на обуката е ограничен. Доколку се јават повеќе кандидати од предвидените, истите ќе добијат шанса во следната обука планирана за наредната година.

Повеќе информации за работата на Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши кандидатите/ките можат да најдат на веб страната: www.childrensembassy.org.mk, за директни прашања: Контакт лице: Сердаревиќ Наташа (076 421 232) и  Јорданка Черепналкова-Трајкоска (070/390 – 632)