Почетна


Прес конференција по повод Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија

Скопје, 07јуни 2012

Денес, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето (неформална коалиција) , координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ул.„Коста Новаковиќ“ 22а, Скопје) се организира прес конференција со цел да го презентира Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од група на невладини организации кој се однесува на периодот од јуни 2010 до декември 2011 година.

Повеќе за состојбата на децата во Македонија како и  препораките кои произлегоа како заклучок од подготовката на извештајот  се говореше на самата прес конференција.

На пресот воведен збор ќе имаа:

М-р Драги Змијанац - Извршен Директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, ќе говори за препораките на граѓанските организации до Комитетот за правата на детето кои се однесуваат на подобро имплементирање на Конвенцијата за правата на детето

Катерина Конеска – Раководител на програми во Првата детска амбасада во светот Меѓаши, ќе говори за начинот на подготовката и содржината на Извештајот за состојбата со правата на децата

Радмила Стојковска Алексова - дефектолог во „Отворете ги прозорците“, ќе говори за податоците со кои учествуваше „Отворете ги прозорците“  во подготовката на извештајот

Марија Матовска - проектен координатор во Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“,  ќе говори за податоците со кои учествувше „Хера“ во подготовката на извештајот
Модератор беше:  Катерина Конеска – Раководител на програми во Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Овој извештај претставува приказ на состојбата со правата на децата во Република Македонија за периодот од јуни 2010 до декември 2011 година. Извештајот е изготвен преку следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето, имплементацијата на препораките кои дојдоа од страна на Комитетот на Обединетите нации за правата на детето во јуни 2010 година како и имплементацијата на другите меѓународни инструменти  кои ги регулираат правата на децата.

Претходниот извештај подготвен од Македонската национална коалицијата е оценет од  Комитетот на ОН како соодветен за следење на состојбата на правата на децата од страна на граѓанскиот сектор. Затоа и во овој извештај собраните податоци се обработени и претставени согласно структурата која е препорачана од Комитетот за правата на детето.

Со цел да се има покомплетна слика за почитувањето и остварувањето на правата на децата во Република Македонија, Националната коалиција, почнувајќи од оваа година, подготвува годишни извештаи што ќе бидат основа за следниот периодичен алтернативен извештај.

Изготвувањето на Извештајот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на невладиниот сектор за мониторирање на детските права“ финансиски поддржан од УНИЦЕФ.

Ќе ни биде голема чест и задоволство доколку присуствувате на прес конференцијата и ги објавите во јавноста податоците од Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија.

Погледни го извештајот тука: http://www.childrensembassy.org.mk/?ItemID=E9961B9D768C1649BA11395E61A29B71