Почетна


ОГЛАС

за Координатор/ка на програмски и проектни активности  

 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара луѓе со мотивација, енергија, креативност и подготвеност да ги прифатат нашите вредности: посветеност кон мисијата за поддршка и заштита на децата и развој на граѓанското општество, одговорност, личен интегритет, емпатија, помош на другите - особено децата...

 

Мисија на ПДАС Меѓаши

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

 

 

Задачи/одговорности на Координаторката/Координаторот:

Спроведување програмски и проектни активности на Детската амбасада МЕЃАШИ.

Подготвеност да работи максимално посветено на мисијата на Детската амбасада МЕЃАШИ. Потребно е да има лидерски вештини, професионалност и посветеност особено на детските права и маргинализирани заедници, одлични комуникациски вештини, работа под стрес и со куси временски рокови, транспарентност и тимска работа, посветеност кон организацијата и нејзините цели, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.

Планирање/спроведување/учествување/менторирање на програмските активности на организацијата и активностите предвидени со проектите ,,Мировно образование“ , ,,Да ги земеме правата во наши раце“ и др. тековни проекти и активности.

Подготовка и поднесување описни и финансиски извештаи до донаторите. Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на организацијата. Редовно контактирање и известување на донаторите. Мониторинг и евалуација на работата на проектите и сервисите за деца во рамките на програмските активности на организацијата.

Обезбедување одржлив развој на организацијата и овозможување нови активности/содржини значајни за децата и младите.

Учество во креирање  и поставување информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи) и директни учества во медиумите, по потреба.

Придржување на основните документи на организацијата (повелбата, кодексот, правилниците и другите акти, визијата и мисијата на организацијата) како и работните планови на активности (годишни, месечни, неделни и дневни) и евалуација на истите.

Тимска работа и соработка, навремено обезбедување административна и техничка поддршка на организацијата кога е потребно. Одговорно административно работење, документирање, евидентирање и архивирање на важната поштенска и електронска коресподенција.

Извршување и други работи од негова/нејзина надлежност во согласност со законот, општите акти на организацијата, овластувањата и договорите со тимот на организацијата.

 

Дополнителни активности:

- Организирање настани кои што произлегуваат од мисијата и визијата на Детската амбасада Меѓаши;

- Усогласување или надополнување на програмските со останатите активности на организацијата;

- Развивање идеи и обезбедување одржливост на програмските активности;

- Креирање база на знаење.

 

Професионални вештини и потребни квалификации:

-      Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;

-      Најмалку 3 години работно искуство во граѓански сектор како менаџер/ка на проекти финансирани од меѓународни донатори;

-      Одлично познавање на детските права;

-      Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;

-      Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;

-      Завршено високо образование;

-      Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;

-      Претходно работно искуство со ЕУ проекти ќе се смета за предност;

-      Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи,  способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање;

-      Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;

-      Комуникациски вештини и способност за тимска работа;

-      Возачка дозвола Б категорија.

 

Вид на вработување:

Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување, со пробен целосно платен период од 3 месеци, со 40 часовна работна недела (100%).

Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 36.800 денари.

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат овие услови треба да достават:

-      Работна биографија,

-      Писмо за мотивација,

-      Две препораки од претходните работни места,

-      Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;

-      Сертификат/и за водење проекти

-      Потврда за познавање англиски јазик.

-      Копија од возачка дозвола

 

Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса  info@childrensembassy.org.mk со назнака: ,, „Пријава по оглас за избор на Координатор“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Координатор“ најдоцна до 29.09.2019 година. Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикувани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.

 

Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши кандидатите/ките можат да најдат на веб страната: www.childrensembassy.org.mk