Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Недела на детето (5-9 октомври) Светски ден за превенција на злоупотреба на децата (19 ноември) и Светски ден на детето (20 ноември)

Правата на децата Ова момче има 18 години. Учел само до 5-то одделение. Вели имал проблеми на училиште, западнал во лошо друштво и тука завршило неговото образование. Лебот го заработува на крстосниците во Скопје.
“12-13 години сум на улица. –Тешко е?- Не е тешко. Колку за леб излегува”, вели ова момче.
Нашиот соговорник бил нарко зависник, крадел за да најде пари за дрога. Родителите знаеле, но не можеле да му помогнат.
“Тие ништо по контејнери собираат шишиња. -Имаш браќа, сестри?- Да ама помали.- Ти ги издржуваш?- Да јас ги издржувам од семафори”, вели ова момче.

Анонимното момче е едно од многуте кои не знаат за своите права. Дете кое речиси целиот живот го поминува на улица за да заработи некој денар. Колкава е бројката на децата кои се психички, физички или сексуално злоупотребени во државава, нема точна бројка. Од МЕЃАШИ на светскиот ден за заштита на децата од злоупотреба обвинија дека државата е пасивна и тешко се справува со овој проблем.

“Тие не ја евидентираат состојбата со насилството во нивните општини, а не да ја превенираат и да одземаат родителско право таму каде што можат навремено да реагираат. Многу често реагираме дека центрите за социјална заштита се многу пасивни, не си ја обавуваат својата работа, не се на терен, немаат увид во сите дисфункционални семејства”, вели Драги Змијанац МЕЃАШИ
По 17 години откако Македонија ја потпишала декларацијата за правото на детето, Змијанац вели дека има многу деца кои трпат секаков вид насилство.

19.11.2009, 15:30

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55424