Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


Се повеќе деца жртви на насилство и злоупотребиАЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

На СОС-телефонот за деца и млади во 2011 година се регистрирани 235 јавувања, од кои 15 на деца

Дури сто деведесет и едно дете се изложени на насилство и злоупотреба од страна на семејството, училиштето, институциите, покажува Извештајот за 2011 година на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. За подобрување на ваквата состојба на децата, "Меѓаши" препорачува родителите да поминат квалитетно време со своите деца и да поразговараат со нив за сите проблеми со кои тие се соочуваат.

Се препорачува строга селекција при изборот на кадрите кои треба да работат со деца, како и нивно континуирано доусовршување и контрола преку различни обуки и работилници.- Децата секојдневно молчат и трпат насилство. Тие ретко го пријавуваат насилството бидејќи се плашат. Тие се обесхрабрени од родителите, старателите, наставниците и институциите кои треба да им помогнат и да се грижат за нив, посочи Драги Змијанац, директор на "Меѓаши".

Центрите за социјална работа потребно е поголемо внимание да посветат на работата на терен, со што ќе вршат строг надзор врз семејствата во кои има нарушени семејни односи и со тоа ќе имаат директен увид во истите и поскоро ќе интервенираат.- Само преку подигнување на довербата кон институциите децата ќе се охрабрат и ќе се поттикнат да го пријават насилството. За намалување на насилствата во училиштата, девијантното однесување кај учениците како и семејното насилство, потребо е да постои корелација помеѓу Центрите за социјална работа, полициските станици, училиштата, родителите, како и Граѓанскиот сектор кој претставува поддршка и помош, е една од препораките од "Меѓаши".На СОС-телефонот за деца и млади во текот на 2011 година се регистрирани 235 дојави. Од вкупниот број дојави само 15 бил од деца. Останатите 220 дојавувачи биле возрасни кои пријавиле вкупни 462 случаја на проблеми кои ги имаат деца. Тоа значи дека во просек една дојава се однесува на две деца.

Осумдесет и четири деца од вкупниот број евидентирани случаи биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство што одговара на 17.61 проценти. Во своето училиште 86 деца биле незаштитени и изложени на насилство што е 18.03 проценти од вкупниот број случаи. Од вкупните 477 случаи, стои во извештајот, 191 дете биле изложени на физичко, психичко и сексуално насилство, како и негрижа и занемарување.- Според овие податоци, посочуваат, може да констатираме дека се одржува некој континуитет на дојави за прекршување на правата на децата, но исто така сметаме дека е неопходно да се продолжи со активности со кои децата, младите и нивните семејства ќе бидат информирани за постоењето и работата на СОС-линијата. Во текот на 2011 година продолжува трендот на пријавување на случаите од страна на возрасни лица.

Од последните дојави воочено е дека 84 деца се жртви на директно семејно насилство, 14 од нив биле принудувани да питачат.

СОС-телефонот за деца и млади функционира веќе 19 години, од октомври 1993 година и досега се регистрирани вкупно 18.250 повици. Детскиот СОС-телефон претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства. Со телефонскиот повик децата може да добијат помош и информации, стручен совет, психо-социјална поддршка или едноставно да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, а за кои немаат со кого да поразговараат.

 

http://vecer.com.mk/?ItemID=0B2B488418050A48B5B4552311698556