Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42

ПРОГРАМА ЗА МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши во април 2011. започна со спроведување на проект за Мировно образование заедно со партнерската организација KURVE Wustrow од Германија со која има долгогодишна соработка. Проектот има за цел промовирајќи ги мирот и ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем да укаже на потребата од вградување на мировното образование во наставните курикулуми.

Во првата половина на 2012 година беа  одржани два  тренинг за Мировно образование. Првиот  од 09-15.01.2012. во хотел “Метропол”, Охрид а вториот  18.04.2012 – 21.08.2012 во хотел Аурора,  Берово.

На тренинзите учествуваа 22 лица, професор(к)и од гимназијата "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковскиi" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов"; мировни едукатор(к)и и претставници/ки на Детската амбасада Меѓаши. Тренери беа: Ана Битољану од Мирамида Центар Грожњан Хрватска, Блерим Јашари од Тетово и Горан Божиќевиќ од Мирамида Центар Грожњан Хрватска.

Упатуваме благодарност до Горан Божиќевиќ за двете работилници кои ги одржи волонтерски.

Програмата на тренинзите е фокусирана на: подигање на сензибилитетот за насилство, свеста за значењето на градењето на мирот и мировното образование, комуникација, градење вештини за тимска работа... Пристапот кон етничките мешани групи бара безбеден простор за разработка на тензиите и стравувањата и водење на процесот на конструктивен начин. За таа цел, тренинзите ќе бидат водени од искусни тренери.

Методите кои се применуваат на тренинзите се карактеризирани преку партиципативноста и интерактивноста. Неопходно е високо ниво на вклученост на учесниците кои иако се наоѓаат на безбеден простор тие се втурнувани во разни ситуации каде се конфронтираат и ги изразуваат нивните ставови притоа слушајќи ги другите што имаат да кажат им се даваат можности да се анализираат себеси и да се сменат.

Значи една од главните цели на тренинзите е вовед во основните концепти на ненасилна разработка на конфликти и практична примена во работата и секојдневието. Идејата е да се покаже дека одговорноста е во индивидуалците

Во 2012. продолжија со работа младинските клубови  во сите 3 училишта.  Целта на младинските (мировните) клубови е да се сензибилизираат учениците за прашања од областа на комуникацијата и ненасилната разработка на конфликти и да иницираат и организираат различни активности како на пр. спортски активности, екскурзии, Форуми, дебати, еколошки активности...  

Ова е пилот проект кој треба да обезбеди учество на професорите и учениците во креирањето на идните курикулуми од областа на мировното образование. Затоа, една од задачите на проектот е да ги оснажи учесниците за активен став во нивната средина, без насилство и со свесност за бројните видови неправди, дискриминации и насилства пренесувајќи им вештини и знаења кои се важни за градење на активен мир, граѓанско организирање и ненасилно дејствување.