Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


ПИТАЧЕВ, А РОДИТЕЛИТЕ ГИ ЛАЖЕВ ДЕКА СИ ИГРАМ
ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ СПАС ЗА ДЕЦАТА-ПИТАЧИ

ПИТАЧЕВ, А РОДИТЕЛИТЕ ГИ ЛАЖЕВ ДЕКА СИ ИГРАМ

Марија ТАСЕВ

Многумина што ја виделе единаесетгодишната Марсела како питачи пред еден голем супермаркет ја паметат по нејзините големи сини очи. Оние што се сожалиле и тутнале ситни пари. Нејзините родители, пак, долг период не знаеле дека таа питачи. Девојчето секојдневно им пријавувало дека си игра со децата некаде по маалото. Но, по неколкумесечно питачење ја фатиле екипи од центрите за социјална работа.

  - Заедно со децата од соседите одев да просам пред еден маркет. Секој ден одев од Шуто Оризари до Карпош со автобус и ги молев луѓето да ми дадат пет денари за лепче. Со парите си купував што сакам, некогаш ќе ми ги земеа и поголемите деца. Престанав да одам на училиште оти дома немаа пари да не облечат, а немаа ниту за ужина да ни платат. Ни беше срам од дугите деца, затоа и просев за да имам, да бидам како другите. Но сега знам дека е подобро да учам и да си најдам работа кога ќе пораснам – ни раскажа Марсела.

       Откако ја фатиле социјалните работници како питачи, нејзините родители прифатиле таа со постарата сестра да бидат дел од проектот за интеграција на децата-питачи во дневниот центар во Автокоманда.

- Родителите на двете девојчиња се многу сиромашни и примаат месечна социјална помош. За да не останат децата на улица, Министерството за труд и социјална политика им овозможува на овие деца полека да се интегрираат во општеството. Тие секој работен ден доаѓаат тука да учат и добиваат оброци. Во центарот децата се бањаат, имаат чиста облека, едукатори и социјални работници кои се гржат за нив – вели Ана Панчева, социјален работник.

Ги учат да читаат

       Цел ден на улица, недоволно нахранети, без здравствена заштита и без вистинска детска игра е сликата за децата што секојдневно талкаат по улиците на градовите во земјата. Според процените на некои невладини организации, во државата околу 2 000 деца секој ден просат, мијат прозорци на автомобили и продаваат.

       Министерството за труд и социјална политика изминатите гоини се обидува да ја подобри состојбата со децата на улица и да формира центри за овие деца.

Центарот за згрижување на децата  од улица се труди да го надомести она што не го завршуваат родителите

-Децата од улица се наш горлив проблем. Ги преземаме сите законски мерки за да ги згрижиме и да им овозможиме образование, храна , топлина и љубов. Штом ќе се запролети , ќе се појават и нови деца-питачи но екипи од социјални работници секој ден ќе се на терен и ако има деца што се на улица, ќе ги згрижат. Наскоро ќе овозможиме и граѓаните, кои се сведоци дека на некое место има дете –питач тоа да го пријават-вели министерот за труд и социјална работа Спиро Ристовски.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа велат дека со свое возило секојдневно децата ги земаат од местата на кои се пријавени, дека престојуваат ги носат во центарот и попладне ги враќаат. Некои од децата се од талкачки семејства живеат во шатори под железничката станица или ово трошните куќички на периферијата во Скопје.

Наставничките во центарот се социјални работници вработени во центарот за згрижување на децата од улица.

-Секој Ден во 8.30 часот одиме со автомобил и ги зимаме децата од нивните домови или од улица, во зависност каде се. Кога ќе пристигнат тука, сите ги мијат рацете, некои се тушираат и потоа почнуваме со учење: читаме, пишуваме, учиме математика. Очигледно на сите им треба само поттик. Околу 15 часот попладне ги враќаме. Смените се воспоставени поради ограничениот простор и недостигот од стручен кадар- велат одговорните за децата во Центарот.

Дневните центри се привремено решение

Социјалните работници досега успеале да регистираатт 192 деца кои работат на улиците во Скопје – продаваат, просат и собираат од ѓубриштата шишиња и хартија. Повеќето од нив се Роми. Тие се на улиците речиси по цел ден, но се враќаат дома навечер.

 

Вчера во Центарот имаше осум деца, најстарата од нив 14 години, а најмладиот има само 5 години.

-Во дневните центри децата се стекнуваат со основните хигиенски навики, се описменуваат и се охрабруваат да почнат и да се вклучат во основното образование. По напуштањето на Центарот тие се повторно препуштени на улица и токму тогаш се притиснати од егзистенцијалните потреби и барања на своите родители и мора да работат, да продаваат дреболии или да просат, а тоа ги повредува основните детски права – велат во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Најмногубројни се ромите

Децата што се на улица се поделени на неколку групи како што се деца без родители, деца со еден родител, деца на разведени родители и деца со нарушени семејни односи. Во дршавата децата на улица ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни се Ромите, кои се застапени со околу 58 осто на возраст од 7 до 14 години, 58, 5 осто манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5 отсто имаат толерантно однесување.

Државата има обврски да обезбеди услови за осварување заштита и права на децата врз основа на потпишани и ратификувани меѓународни документи од областа на човековите права и слободи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A2E4AB0FB885024394AD2E185534D215