Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


КОГА ПРЕД 20 ГОДИНИ СЕ ОФОРМИВМЕ НЕ ЗНАЕВМЕ ВО ШТО СЕ ВТУРНУВАМЕ СО СЕТО СРЦЕ И ПРЕД КАКВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЌЕ СЕ НАЈДЕМЕ.КОГА ПРЕД 20 ГОДИНИ СЕ ОФОРМИВМЕ ЗА ДА ИМ ПОМАГАМЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, НЕ ЗНАЕВМЕ ВО ШТО СЕ ВТУРНУВАМЕ СО СЕТО СРЦЕ И ПРЕД КАКВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЌЕ СЕ НАЈДЕМЕ. СЕ СООЧИВМЕ СО НИВ И ТАКА УЧЕВМЕ.

Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот - Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности.

Ја подигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитување на правата на детето. Проговоривме јавно за многуте проблеми со кои децата се соочуваат. Децата нас не препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и застапуваме. Впрочем, тие имаат своја амбасада и свое дете амбасадор. Тука се и многуте  волонтери /граѓански активисти кои со многу ентузијазам несебично и секогаш се во непосреден контакт со децата. Оваа Амбасада, прва во светот, чие седиште е во Македонија, шеговито можам да кажам дека и да не постоеше требаше да се измисли, а кога веќе постои и се докажува треба несебично да ја поддржуваме и помагаме. Во еден прирачник од УНИЦЕФ, авторот г-ѓа Сју Гилберт напиша: „Македонија е позната во однос на детските права, бидејќи тука е формирана Првата детска амбасада во светот Меѓаши”.

За крај, на сите добронамерници им порачуваме дека се уште има време да се вклучат и вградат во овоја големо светско  детско движење.

Мозаикот на каменчиња наречен Прва детска амбасада во светот го вградија многу луѓе. Секогаш има место и простор за нови граѓански иницијативи и активности. И уште нешто, многу ми е драго што иако задоцнето стигаат по 20 години признанија за нашата работа. Признанија од грагански организации, граѓани, амбасади, меѓународни организации, од бизнис партнери и ресорни министерства со кои соработуваме. Признанија со поддршка на нашите активности преку донирање на средства во нашите касички, донирање средства преку СМС пораки, како и вклучување во нашите активности со доброволно и несебично ангажирање. Има потреба за такви награди и признанија. Признанија за високата доверба стигнуваат и од  граѓаните  кои ни ја доверуваат во изминатите години според истражувањата за довербата во граѓанското општество. Се додека не се изградат критериуми на потврда на вистинските вредности на посветеност на лугето во граганското организирање, посветеност за она во што се верува и вложува, ќе мора одвреме навреме домашните и странски награди и признанија да ја потврдуваат нашата мотивираност и посветеност во изградба на поправеден свет за сите деца во светот.

М-р Драги Змијанац,
Извршен директор и основач