Децата питачи оставени и на минус на улицаДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ НИТУ СО СТУДОТ
Децата питачи оставени и на минус на улица
Мими П. Шушлеска
Од вчера, конечно, Црвен крст во 24-часовна функција пунктот за бездомници во Момин поток, кој досега работеше само два дена во неделата
Поради ниските температури во зимските месеци расте бројот на починати во земјава, а долгогодишните анализи покажуваат дека во овој период особено во јануари, се регистрираат најголем број смртни случаии. Но и покрај овие податоци, засега надлежните не преземаат никакви мерки за заштита барем на ранливите групи, како што тоа се прави во другите држави. Новина е само тоа што од вчера Црвен Крст го стави во 24-часовна функција пунктот за бездомници во Момин поток, кој досега работеше само два дена во неделата.
Но никој не го решава проблемот со децата питачи, кои на минусни температури, само неколку часа имаат засолниште.
Во пунктот на Момин поток, првата студена вечер биле однесени тројца луѓе. Во најтешка состојба со замрзнати и отечени нозе била една жена прибрана од пред Градскиот трговски центар.
Во другите градови во земјава ваков пункт нема, но засега Министерството за труд и социјална политика останува на ставот дека нема потреба да се преземат други мерки за заштита од ладното време.
Од првата детска амбасада во светот ,,Меѓаши‘‘ објаснуваат дека акцијата за собирање на децата питачи од улица делумно ја подобрува положбата на оваа ранлива група деца, но тоа не е трајно решение.
- Тие се згрижени, стоплени, но само неколку часа во денот, а што се случува со нив откако ќе излезат од дневните центри?
Меѓаши КОЈ ЌЕ ГИ ЗГРИЖИ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА?
Секако треба да ја надополнат нормата која им била зададена за денот и тоа во попладневните часови кога температурите се уште пониски – велат во Првата детска амбасада во светот,, Меѓаши‘‘.
Отаму додаваат дека отварањето на 24-часовни транзитни центри моментно ќе ги заштити децата од надворешните услови. Во Амбасадата ,,Меѓаши‘‘ потенцираат дека треба да се бара брзо решение, бидејќи секој изминат час и секој опаднат степен на температура може да има фатални последици по здравјето и животот на децата питачи.
Анализа на смртноста во Македонија во Македонија покажува дека во зимските месеци, особено во јануари, се регистрираат најголем број смртни случаеви, а најмалку се во летните месеци и во септеври. Тоа се должи на ниските температури, аерозагадувањето и на вирусите – вели Владимир Кендеровски од Институтот за јавно здравје.
Тој додава дека во февруари минатата година, владата усвои Стратегија за адаптација на здравствениот сектор на климатски промени, која предвидува воспоставување систем за превенција, рано предупредување, справување и надминување на последици од климатски промени од стиденото време. Комисијата за климатски промени до јуни годинава треба да донесе акциски план за заштита на населението од ладното време.
|