Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Трениг за претставниците на општините

-Проектот „Поддршка на ранливите групи деца во Македонија“ е поддржан од Швајцарската канцеларија за соработка во Скопјe
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна со имплементација на активности во рамките на проектот „Поддршка на ранливите групи деца во Македонија“ финансиран од Швајцарската канцаларија за соработка во Скопје, чијашто главна цел е да придонесат за подобрување на животот на ранливите групи деца преку обезбедување социјална, психолошка и правна помош. Овие активности ќе придонесат во подигнувањето на јавната свест за потребите на децата од ранливите групи и дисфункционални семејства. Исто така ќе помогнат да допреме до тие деца, да се обезбедат податоци за тоа колку од нив не одат на училиште, како и да се развијат соодветни механизми за заштита и поддршка на децата од ранливите групи. Сметаме дека активностите ќе придонесат и во зајакнувањето на соработката помеѓу општините и центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации на нивната територија. Во проектот е планирано да се вклучат 20 општини од Република Македонија.
                            
Целна група на проектот се ранливите групи деца во Македонија: деца бездомници, деца на самохрани родители, деца кои живеат во сиромаштија, деца со пречки во развојот, деца кои доживуваат кризни моменти во животот, деца од дисфункционални семејства (со конфликти, физичко, ментално и/или сексуално насилство, зависности или болести во семејството), деца на кои им е потребна рехабилитација, деца на улица, деца работници...
Во рамките на проектот ќе организираме тридневен тренинг за претставниците на општините кој ќе се одржи во текот на последната седмица од месец октомври. Целта на тренингот е да се обезбедат поконкретни активности кои можат да бидат преземени за да им се помогне на овие групи на деца. Во втората фаза од проектот учесниците на тренингот, заедно со претставници од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во своите општини ќе спроведат презентации/ работилници за социјалните работници, педагозите, невладините организации и наставниците од основните и средните училишта. Исто така планирано е и формирање на неформална мрежа помеѓу општинските лидери кои работат на полето на заштита на ранливите групи деца.