Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22 и бесплатна правна службаМе натепаа, ама немам линија на T-home за да пријавам

-ВЕЧЕР четврток, 11 август 2011  ::  Бр. 14763

ВО 2011 ЌОТЕК ПРИЈАВИЛЕ 20 ДЕЦА

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја користи бесплатната СОС-линија за деца и млади, која ја добила како донација од Македонски Телекомуникации во 2005 година. Но, овој број овозможува да примаме бесплатни повици само од корисниците на фиксната телефонија

"Сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете" беше пораката која на вчерашниот прес ја упати првата детска амбасада во светот Меѓаши, притоа посочувајќи дека и годинава трендот на пријавување на случаите на прекршување на правата на децата од страна на возрасни лица продолжува, и тоа во поголем одѕив. Лоцирајќи го проблемот во институциите, директорот на амбасадата Драги Змијанац и психологот Јана Зенговска откриваат дека децата се уште молчат и се плашат да го пријават насилството, особено кога тоа се случува во домот, а е од страна на родители те. Верувајќи дека ќотекот е вообичаена појава, според статистиката на Меѓаши поголем број од пријавените случаи на насилство завршуваат со предумисла, кое пак е резултат на притисокот создаден од страна на родителите-насилници.

-Во однос на случите за кои најмногу не контактираат граѓаните, најголемиот број на пријави на бесплатниот СОС-број се однесуваат на семејно насилство. Иако РМ донесе промени во Законот за семејство со кои строго се забранува било која форма на насилство во домот, годинава за седум месеци имаме околу 20 пријави. Имаме дојави каде двајцата родители се зависници од алкохол и секојдневно ги малтретираат своите деца. При бракоразводните постапки пак, сме добиле околу 17 повици кои се однесуваат со кршењето на правата на детето. Тоа најчесто се проблеми поврзани со доделување на старателството, а притоа да не се земе предвид мислењето на детето со кој родител сака да живее, информираше директорот Змијанац, притоа апелирајќи до институциите подобро да се координираат и да соработуваат за навреме да се реагира и да се преземат сите потребни мерки.

Материјалната и финансиска помош како и насилството во воспитно-образовните институции и негрижата за учениците се рангирани подолу на листата, но во изминативе години заземале се поголем замав. Според нив, деца-жртви на насилство од страна на возрасни е евидентирано во 5 случаи од кои 4 се однесуваат на физичко насилство а 20% на психичко насилство од страна на непознати возрасни. Нешто помал процент, но сепак загрижувачки за надлежните, се пријавени 3 случаи на сексуално насилство од страна на родителите, притоа што стравот кај децата при пријавување на злоупотребата во овие случаи е најголем.

-Од добиените статистички податоци доаѓаме до заклучок дека децата се исплашени и се чуствуваат немоќно. Свесни сме дека овие бројки не се репер за тоа колку постои насилство во нашата земја. Токму поради тоа, апелираме родителите да се во постојана комуникација со своите деца, а кога станува збор за деца-жртви на физичко и сексуално насилство тогаш потребно е истите да се згрижат. Ние немаме дом за згрижување во кој жртвите ќе добијат психо-социјална помош и поддршка. Неопходно е насилникот да се ресоцијализира а не само да се острани, бидејќи тоа е еден од начините со кој ќе се прекине кругот на насилство.

19 години СОС-телефон 0800 1 2222

Детскиот СОС-телефон 0800 1 2222 кој претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства функционира веќе 19 години и на него се регистрирани повеќе од 18.000 повици. Со само еден телефонски повик децата може да добијат помош и информации, стручен совет, психо-социјална поддршка или едноставно да разговораат за проблемите со кои се соочуваат. Принципот на работа на СОС-телефонот кој се состои во разговори со јавувачот за проблеми, при што операторите не нудат готови решенија за проблемот, туку се разговара за можни алтернативи за решавање за проблемот за кој се јавиле. Но, бројот кој игра улога на служба за директна помош и поддршка на децата и служба од јавен интерес се уште не е финансиски поддржана од страна на државата и наместо 24 часа работи само 12, велат од Меѓаши.

-СОС-телефоните во повеќето европски држави се третираат како јавен интерес и се сметаат како потреба на граѓаните и државите ја преземаат обврската за нивната финансиска одржливост. Ние поднесовме барање и искрено се надеваме дека нема да продолжиме да работиме со пола работно време, додаваат. Но, тоа не е единствениот проблем со кој се соочува детската амбасада. Признавајќи дека постојат многу препреки на патот на функционално и успешно работење, директорот Змијанац откри дека приоритет им е и хармонизацијата на СОС-телефонот.

-Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја користи бесплатната СОС-линија за деца и млади, која ја добивме како донација од страна на Македонски Телекомуникации во 2005 година. Но, оваа линија ни овозможува да примаме повици само од корисниците на фиксната телефонија на Т-хоме, изјави Змијанац, притоа откривајќи дека токму поради овој проблем, Комитетот за правата на детето при Обединетите нации од Женева, испратил препорака до Владата на Република Македонија за хармонизација на нашиот број со другите европски линии.

Ивана ТРАЈКОВСКА

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A01306FA08C79741BDA20892A995799A