Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Силувана и бремена од сопствениот татко-Канал5, 24.5.2011 Новинар Маја Јовановска

Силувана и бремена од сопствениот татко – стравично сведоштво на гостиварчанка

Две години сексуално малтретирана од родителот. Деветнаесет годишна девојка од гостиварско село во полиција пријавила дека останала бремена од сопствениот татко. Се почнало кога била малолетна и имала 17 години. Според нејзините зборови, 42-годишниот татко со употреба на сила ја принудувал на сексуален однос, а сето тоа се одвивало во семејниот дом пред очите на маќеата.

Цели две години траел ужасот на 19 годишна девојка од гостиварско. Две години ја силувал нејзиниот 42 годишен татко, а таа молчела. Сведок на нејзината голгота била маќеата, но таа не го запрела во злоставувањето на сопственото чедо. Дури вчера девојката го пријавила таткото – монструм во полиција. Таа забременила од него. Молчела и трпела оти татко и и се заканувал дека ќе ја убие, а тој продолжувал да се изживува.

- Веројатно немала поддршка од најблиските да го објави ова и многу често децата молчат за да не го изгубат единствениот хранител во семејството, а тоа во наши услови е таткото. А веројатно од традиционални и културолошки причини да не се оцрни семејството – изјави Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Но, не била само деветнаесетгодишната девојка жртва на својот татко, туку тој се обидел да ја силува и две години помалата ќерка. Од Меѓаши алармираат осомничениот да остане во притвор, оти стравот од него е поголем кај неговите деца, од желбата да се спасат.

- Таткото ова го правел неколку години и тој е осомничен. Наша заложба е да се притвори и се додека не се докаже неговата вина, да не биде на слобода. Доколку биде на слобода, имало случаеви кога вршеле притисок врз жртвата да ја сменат изјавата, вели Змијанац – од Прва детска амбасада во светот Меѓаши.

Казните за педофилија и родосквернавење се зголемија во законот, но не се спречуи сексуалното насилство врз децата. Од 8 години затвор па нагоре се казнуваат овие дела, но во меѓувреме ни жртвата е заштитена, ниту пак силувачот е под контрола кога ќе излезе на слобода.

Маја Јовановска

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=75537

http://www.youtube.com/watch?v=YZoOkMaGSHE