Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Серија на тренинзи во рамките на програмата за мировно образование- Првиот тренинг во рамките на програмата за мировно образование при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ го одржавме од 31.08.2011 до 04.09.2011 во "Куќата на уметноста" во Кичево На тренингот учествуваа 12 професор(к)и од гимназијата "Никола Карев", ГУЦ "Здравко Цветковскиi" и ДСМУ "Д-р Панче Караѓозов" и 6 млади мировни едукатори на возраст од 18 до 25 годиниi, кои се мотивирани за вклучување во активности поврзани со мировното образование во училиштата. На тренингот се обработуваа следниве теми: насилство и ненасилство, разбирање на конфликтите, комуникација, тимска работа, училиштата и мировното образование, планови за работа на младинските клубови.

- Вториот тренинг за Мировно образование го одржавме од 16 до 19.11.2011. во хотелот “Алпина” во Маврово.
На тренингот присуствуваа вкупно 18 учеснички/ка. Како основни цели на тренингот ги поставивме подлабок вовед во Мировното образование, оснажување на учесниците/ките за наредните активности и градење групи кои ќе можат да работат во своите училишта но и да се поддржуваат меѓусебно во наредниот период. Од овој аспект според усната и писмена евалуација на учесниците/ките на тренингот, како и евалуацијата на тренерите и тимот од Меѓаши, тренингот во голема мерка беше успешно изведен. Методолошки гледано, како и за секој тренинг, работевме преку интерактивни и партиципативни методи кои подразбираат искуствени вежби, играње улоги, индивидуална работа, работа во мали групи, пленарни дискусии итн.